ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 15/10 стр. 32
  • „Зошто постоиме?“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Зошто постоиме?“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 15/10 стр. 32

„Зошто постоиме?“

СПОРЕД Ели Визел, добитник на Нобелова награда кој го преживеал нацистичкиот холокауст, прашањето: „Зошто постоиме?“ е „најважното прашање со кое мора да се соочи секој човек“.

Дали некогаш си размислувал за ова? Многумина размислувале, но не го нашле одговорот. Во својот обид да ја открие смислата на животот, британскиот историчар Арнолд Тојнби напишал: „Човекот е создаден за го слави Бог и вечно да му се радува“.

Интересно е тоа што, пред повеќе од три милениуми, еден друг човек, кој бил познат како внимателен набљудувач на животот, веќе дошол до основниот одговор. Тоа бил мудриот цар Соломон, кој рекол: „Заклучокот на сето она што го чу е: бој се од вистинскиот Бог и држи ги неговите заповеди. Зашто, тоа е целата должност на човекот“ (Проповедник 12:13).

И Божјиот Син, Исус Христос, се согласувал со ова основно начело. Додека бил на Земјата, Исус правел сѐ што можел за да го прослави својот небесен Татко. А таа служба за Творецот му го збогатила животот на Исус. Од неа црпел сила и поддршка, па затоа можел да рече: „Мојата храна е да ја вршам волјата на оној што ме испрати“ (Јован 4:34).

Според тоа, зошто постоиме? Исто како Исус, Соломон и многу други слуги на Бог, и ние можеме да најдеме вистинска смисла и трајна среќа во животот ако ја вршиме Божјата волја. Дали би сакал да дознаеш нешто повеќе за тоа како да му служиш на Бог „со дух и со вистина“? (Јован 4:24). Јеховините сведоци во твоето место на живеење со задоволство ќе ти помогнат да го добиеш одговорот на прашањето: „Зошто постоиме?“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели