ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 1/9 стр. 32
  • Божјето име во руската музика

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Божјето име во руската музика
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 1/9 стр. 32

Божјето име во руската музика

ВО 1877 год., познатиот руски композитор Модест Мусоргски објавил композиција за хор на темел на еден настан што се случил во библиските земји. На еден свој пријател тој му го напишал следново: „Компонирав библиска драма, Исус Навин, која е целосно во склад со Библијата и дури ги следи истите победнички походи на Навин низ Ханаан“. И за други свои композиции, меѓу кои и „Уништувањето на Сенахирим“, Мусоргски црпел идеи од библиски теми и личности.

Интересно е тоа што во „Исус Навин“, како и во верзијата на „Уништувањето на Сенахирим“ од 1874 год., Мусоргски го користи Божјето име на руски. Тоа во Хебрејските списи се пишува со четири согласки — יהוה (ЈХВХ) — и се појавува скоро 7.000 пати.

Од овие дела на Мусоргски се гледа дека Божјето име, Јехова, кое што е запишано во Библијата, било познато во руското општество долго пред почетокот на 20-тиот век. Ова не треба да нѐ изненади, бидејќи самиот Јехова му рекол на Мојсеј: „Тоа е моето име за навек и тоа е мојот спомен од поколение до поколение“ (2. Мојсеева 3:15).

[Слика на страница 32]

Конзерваториумот Санкт Петербург во 1913 год., каде што се чуваат печатени партитури од делата на Мусоргски

[Извори на слики на страница 32]

Партитура: Научна музичка библиотека при Државниот конзерваториум во Санкт Петербург кој го носи името на Н. А. Римски-Корсаков; сцена од улица: Руска народна библиотека, Санкт Петербург

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели