ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 1/12 стр. 32
  • Дали Исус имал Библија?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Исус имал Библија?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 1/12 стр. 32

Дали Исус имал Библија?

НЕ, Исус немал Библија. Зошто? Затоа што во времето на Исус Библијата не била комплетна како денес. Но, во синагогите имало збирки од свитоци чија содржина станала дел од Библијата каква што ја познаваме денес. Во синагогата во Назарет, Исус читал од свитокот на Исаија (Лука 4:16, 17). Во писидиска Антиохија апостол Павле слушал кога ‚јавно се читале Законот и Пророците‘ (Дела 13:14, 15). И ученикот Јаков рекол дека списите на Мојсеј ‚секоја сабота се читале на глас во синагогите‘ (Дела 15:21).

Дали поединци во првиот век имале свои свитоци од Светото писмо? Да, имале. На пример, етиопскиот евнух од дворот на кандакијата, етиопската царица, очигледно поседувал свитоци бидејќи, кога ученикот Филип го сретнал на патот кон Газа, тој ‚седел во својата кола и на глас го читал пророкот Исаија‘ (Дела 8:26-30). Апостол Павле го замолил Тимотеј да му ги донесе „свитоците, особено пергаментите“ (2. Тимотеј 4:13). Иако Павле не кажал конкретно на кои свитоци мислел, најверојатно станувало збор за некои книги од Хебрејските списи.

Ален Милард, професор по семитски јазици, вели дека кај Евреите личен примерок од свитоците на Светото писмо најверојатно имале само „[некои] повластени мажи во Палестина, оние што биле образовани, некои фарисеи и учителите како што бил Никодим“. Ова донекаде се должело на цената. Професор Милард проценува дека „еден примерок од свитокот на Исаија чинел шест до десет денарии“, а комплетните Хебрејски списи „зафаќале 15 до 20 свитоци“, што значи дека би чинеле околу шестмесечна плата.

Во Библијата не пишува дали Исус или неговите ученици имале свои свитоци од Библијата. Но, нема никакво сомнение дека Исус одлично го познавал Светото писмо и дека можел напамет да цитира или да се осврнува на делови од него (Матеј 4:4, 7, 10; 19:4, 5). А денес, кога Библијата обично не е многу скапа и речиси секој може да ја има, зарем не треба добро да се запознаеме со неа?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели