ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 15/12 стр. 32
  • „Вашиот многу скапоцен подарок“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Вашиот многу скапоцен подарок“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 15/12 стр. 32

„Вашиот многу скапоцен подарок“

ОВА го рекол еден поранешен премиер на Белгија во врска со книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел.a Еден сосед го посетил и му дал примерок од оваа книга. Подоцна, тој му напишал писмо со кое му се заблагодарил: „Вашата пријателска посета ми остави силен впечаток, а уште повеќе ме воодушеви Вашиот многу скапоцен подарок — книгата посветена на ‚Најголемиот човек‘ “.

Поранешниот премиер внимателно ја разгледал книгата и го заклучил следново: „Кога луѓето повеќе би се интересирале за она што го пишува во евангелијата и кога би живееле според начелата на Исус Христос, светот би изгледал сосема поинаку. Тогаш не би ни бил потребен Советот за безбедност, не би имало терористички напади и насилството би било искоренето“. Иако признал дека ова изгледа само како неостварлива желба, рекол дека многу го цени тоа што го прави неговиот сосед.

Понатаму тој напишал: „Вие припаѓате на една прекрасна група добронамерни луѓе кои не се ниту оптимисти ниту песимисти, туку луѓе што веруваат дека светот може да се подобри“.

Јеховините сведоци веруваат дека состојбата во светот ќе се подобри само со Божја помош, а не со човечки напори. Тие се обидуваат да го следат примерот на најголемиот човек, Исус Христос. Дали неодамна Ве посетиле Јеховините сведоци? Веројатно ќе Ви биде интересно да поразговарате со нив за најголемиот човек кој некогаш живеел. А тие со задоволство ќе Ви остават еден примерок од книгата што толку многу го воодушевила поранешниот премиер.

[Фуснота]

a Издадена од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели