ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 15/1 стр. 32
  • Просеани како пченица

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Просеани како пченица
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 15/1 стр. 32

Просеани како пченица

КРАТКО пред својата смрт, Исус ги предупредил своите ученици: „Еве, Сатана побара да ве просее како пченица“ (Лука 22:31). Што мислел со тоа?

Во времето на Исус, за да се ожнее пченицата требало многу време и труд. Најнапред, жетварите ги собирале пченичните стебленца од полето. Потоа ги удирале од некоја тврда површина или, пак, со запрежни животни го вршеле житото за да се одвојат зрната од стебленцата и од лушпите. Како следно, земјоделците го вееле овршеното жито. Зрната паѓале на гумното, а ветрот ја одвејувал плевата. И на крајот, пченицата внимателно се просејувала за да се отстранат сите нечистотии.

Како што рекол Исус, Сатана безмилосно ги напаѓал Исусовите ученици во тоа време, а нѐ напаѓа и нас денес (Еф. 6:11). Точно е дека не е директно предизвикана од Сатана секоја неволја што ќе нѐ снајде во животот (Проп. 9:11). Сепак, Сатана едвај чека да го искористи секое средство што го има на располагање за да нѐ натера да бидеме неверни. На пример, може да нѐ стави на искушение да живееме материјалистички, да уживаме во нездрава забава или да направиме неморал. Исто така, може да ги употреби соучениците или колегите на работа, како и роднините што не ни се соверници, за да нѐ натера да искористиме максимално сѐ што има да понуди овој свет на полето на образованието и кариерата. Освен тоа, Сатана може да користи и директно прогонство за да нѐ натера да му бидеме неверни на Бог. Се разбира, има и многу други начини на кои Сатана, така да се каже, се обидува да нѐ просее.

Како да му се спротивставиме на овој силен непријател? Во тоа нема да успееме со свои сопствени сили. Сатана е посилен од нас. Меѓутоа, знаеме дека Јехова е неизмерно посилен од Сатана. Ако имаме целосна доверба во Јехова, ако горливо се молиме за мудрост и храброст да истраеме и ако потполно се потпираме на неговото водство, тој ќе нѐ зајакне за да можеме да се спротивставиме на нападите на Сатана (Пс. 25:4, 5).

Кога сме на искушение, треба да знаеме ‚да разликуваме добро и зло‘ за да не дозволиме да нѐ надитри Сатана (Евр. 5:13, 14). Јехова може да ни помогне да стекнеме таква способност. Потоа треба цврсто да се држиме за правиот пат, без оглед на сѐ. Ако го следиме Јеховиното водство, тој сигурно ќе ни помогне во нашата храбра решеност да го правиме она што е исправно (Еф. 6:10).

Сатана може да се обиде да нѐ просее како пченица. Но, со силата што ни ја дава Јехова, можеме да му се спротивставиме, цврсти во верата (1. Пет. 5:9). Јеховината реч нѐ уверува: „Спротивставете му се на Ѓаволот, и тој ќе побегне од вас“ (Јак. 4:7).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели