ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 15/6 стр. 32
  • Генијално решение

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Генијално решение
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 15/6 стр. 32

Генијално решение

ТРИ момчиња во Централна Африка сакале да одат на обласниот конгрес што се одржувал во друг град. Како да стигнат до таму? Требало да поминат скоро 90 километри преку многу лоши, правливи патишта, а немале никаков превоз. Решиле да позајмат три велосипеди, но не можеле да најдат доволно добри за тој потфат.

Еден старешина од нивното собрание дознал за нивниот проблем и им го понудил својот велосипед, кој бил стар но во добра состојба. Им објаснил што правеле тој и другите во минатото за да одат на конгрес. Старешината предложил тројцата да возат еден велосипед. Решението звучело едноставно, но како да се изведе?

За да го избегнат жешкото сонце, младите браќа се сретнале рано наутро и ги ставиле своите торби на велосипедот. Оној што го возел велосипедот одел напред, а другите двајца го следеле брзо пешачејќи. По околу петстотини метри, тој што возел ќе застанел и ќе го потпрел натоварениот велосипед на некое дрво. Се разбира, за да не се случи некој да го „позајми“ велосипедот, внимавал да го остави таму каде што другите двајца би можеле да го видат. Потоа, првиот што возел продолжувал да оди пешки.

Кога другите двајца ќе дошле до велосипедот, едниот ќе се качел на него, а другиот продолжувал да оди уште околу петстотини метри пред да дојде неговиот ред да вози. Така, со добро планирање и одлучност, тројцата успеале да го скратат своето пешачење од 90 на 60 километри. А трудот не  им бил залуден. Успеале да стигнат на конгресот, каде што се сретнале со своите христијански браќа и сестри и уживале во духовната гозба (5. Мој. 31:12). Дали и ти оваа година ќе сториш сѐ што можеш за да бидеш присутен на обласниот конгрес?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели