ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 15/3 стр. 32
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Сличен материјал
  • Што содржи книгата
    Книга за сите луѓе
  • Јеховините пораки некогаш и денес
    Живеј со Јеховиниот ден во мислите
  • Дали Библијата ни ја кажува целата вистина за Исус?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 15/3 стр. 32

Прашања од читателите

Во Библијата се спомнати „книгата на Јашар“ и „Книгата на Јеховините војни“ (Ис. Нав. 10:13; 4. Мој. 21:14). Овие две книги не се дел од библискиот канон. Дали се работи за вдахновени книги кои биле изгубени со текот на времето?

Нема причина да веруваме дека тие две книги биле напишани под водство на светиот дух и подоцна изгубени. Вдахновените писатели на Библијата се осврнувале на поголем број други записи. Некои од нив можеби навистина се дел од Библијата, но опишани се со изрази што не им се познати на денешните читатели. На пример, во 1. Летописи 29:29 се спомнуваат „записите на јасновидецот Самоил“, „записите на пророкот Натан“ и „записите на јасновидецот Гад“. Можно е овие три записи да се однесуваат на книгите што ние денес ги знаеме како Прва и Втора Самоилова или Книгата за Судиите.

Меѓутоа, понекогаш се спомнуваат книги што имаат слични имиња како библиските книги, но кои не се дел од Библијата. Пример за тоа се следниве четири древни книги: „летописите на царевите на Јуда“, „Книгата за царевите на Јуда и на Израел“, „Книгата за царевите на Израел“ и „Книгата за царевите на Израел и на Јуда“. Иако овие имиња ни звучат слично како книгите 1. Цареви и 2. Цареви, овие четири книги не биле вдахновени, ниту се дел од библискиот канон (1. Цар. 14:29; 2. Лет. 16:11; 20:34; 27:7). Тие веројатно биле само историски записи што постоеле во времето кога Езра и пророкот Еремија ги напишале своите книги кои се дел од Библијата.

Точно е дека некои библиски писатели спомнале или навеле информации од историските книги или документи што постоеле, но не биле вдахновени. Во Естира 10:2 се спомнуваат „летописите на медиските и персиските цареви“. Слично на тоа, пред да го напише своето евангелие, Лука „внимателно испитал сѐ од почетокот“. Со тоа веројатно сакал да каже дека истражувал во пишаните документи што ги имал на располагање додека го составувал родословието на Исус, кое сега е дел од неговото евангелие (Лука 1:3; 3:23-38). Иако документите кои ги истражувал Лука не биле вдахновени, нема сомнение дека евангелието што го напишал е вдахновено и вредно за нас.

Што се однесува до двете книги спомнати во прашањето — „книгата на Јашар“ и „Книгата на Јеховините војни“ — се чини дека тоа биле документи што постоеле во тоа време, но не биле вдахновени. Од таа причина, Јехова не се погрижил да бидат зачувани. Од контекстот во кој се спомнати во Библијата, изучувачите заклучиле дека тие се збирки поезија или песни во кои се зборува за битките меѓу Израел и неговите непријатели (2. Сам. 1:17-27). Во една библиска енциклопедија се наведува претпоставката дека содржината на овие книги веројатно го сочинувала „познатиот усен репертоар на професионалните пејачи во древниот Израел кои ја зачувале израелската епска и лирска традиција“. Дури и некои од мажите што Јехова ги користел како пророци или јасновидци запишале некои работи што не ги вдахновил Тој ниту избрал да ги вклучи во Светото писмо, кое е „корисно за поучување, за укорување, за поправање“ во наше време (2. Тим. 3:16; 2. Лет. 9:29; 12:15; 13:22).

Тоа што некои книги се спомнати во Библијата и биле проверен извор на информации не треба да значи дека биле вдахновени. Меѓутоа, Јехова Бог ги зачувал сите записи во кои е содржана „речта на нашиот Бог“, и тие ‚остануваат довека‘ (Иса. 40:8). Според тоа, она што Јехова избрал да го вклучи во 66-те книги од кои се состои Библијата е токму она што ни е потребно ‚за да бидеме вистински способни и потполно опремени за секое добро дело‘ (2. Тим. 3:16, 17).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели