ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 1/3 стр. 30
  • „Добрата вест“ на интернет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Добрата вест“ на интернет
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 1/3 стр. 30

„Добрата вест“ на интернет

КАКО Јеховини сведоци, сериозно ја сфаќаме одговорноста да ја ‚проповедаме оваа добра вест за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи‘ пред да дојде крајот (Матеј 24:14). Низ годините, најновите технолошки достигнувања придонесоа уште побрзо да се рашири „речта за Царството“ (Матеј 13:18-23). За да ѝ ја направиме пораката од Библијата достапна на јавноста во електронски облик на интернет, во изминативе 11 години ја користиме нашата официјална веб-страница www.watchtower.org. Оние што ја посетуваат можат да ја дознаат библиската вистина на 314 јазици и да ги прегледуваат рубриките: „Верувања и активности“, „Актуелни теми“, „Бог и твојата иднина“, „Медицина“ и „Публикации“.

Многумина ја отвораат оваа страница за да ја читаат Библијата. Секој ден повеќе од 6.300 лица го читаат Светото писмо — превод Нов свет на интернет на некој од десетте достапни јазици. Најчитани библиски книги се Псалмите, Изреките и евангелијата.

На оваа веб-страница секоја седмица се ставаат избрани статии од Стражарска кула и Разбудете се! на 12 јазици — особено статии што се издадени за пошироката публика. Многумина се прашуваат во што веруваме, како се водат нашите состаноци и како се финансира нашето проповедничко дело. Посетителите на оваа веб-страница можат да го добијат одговорот на овие прашања со електронско отворање на брошурата Јеховини сведоци — кои се тие? Што веруваат? Трактатот Крајот на лажната религија е близу! го има на www.watchtower.org на 252 јазика, вклучувајќи и видеоснимки на пет знаковни јазици.

Што се постигнува со тоа што овие публикации се достапни на интернет? Секој ден во просек над 60.000 лица ја посетуваат страницата www.watchtower.org! Многумина живеат во места каде што има релативно малку Сведоци или во земји каде што нашето дело е законски ограничено. Сепак, оние што се жедни за библиската вистина можат да дојдат до неа по електронски пат.

Многу се радуваме што секој ден илјадници луѓе „од сите јазици што ги зборуваат народите“ ја посетуваат веб-страницата www.watchtower.org! Во просек по 94 лица на ден го испраќаат електронскиот купон „Дали би сакале да бидете посетени?“ (Захарија 8:23).

Дениз имала прашања во врска со верувањата на Јеховините сведоци, но се колебала да отиде во блиската Сала на Царството. Наместо тоа, решила да истражува на интернет и ја нашла страницата www.watchtower.org. Она што го прочитала таму ја уверило дека ја пронашла вистината. Сепак, не била доволно решителна да побара да ја проучува Библијата затоа што знаела дека ќе треба да направи промени за да го усогласи својот живот со библиските мерила. Четири пати го пополнила електронскиот купон „Дали би сакале да бидете посетени?“, но ниеднаш не собрала доволно храброст да го испрати.

Во март 2007 год., Дениз го пополнила тој купон по петти пат, и конечно го испратила. Нејзиното барање било доставено до локалното собрание, и старешините ја замолиле Вони, Јеховин сведок од тоа собрание, да појде кај Дениз. Уште истата седмица кога ја посетила Вони, Дениз почнала да оди на состаноците во Салата на Царството. И таа и нејзините два сина брзо напредувале, а нејзиниот 8-годишен син се запишал во Теократската школа за служба. Во јануари 2008 год., Дениз се крстила, а по два месеца — точно една година откако го пополнила електронскиот купон — почнала да служи како помошен пионер. „Да не беше веб-страницата“, вели Дениз, „сега немаше да го раскажувам ова.“

Од јануари 2008 год., на веб-страницата www.jw.org достапна е уште една услуга — може да се симнуваат аудиоснимки од некои публикации на 17 јазици. Ова наиде на огромен интерес и секој месец се симнуваат повеќе од милион публикации и поединечни статии! Многу Сведоци ги слушаат статиите од списанијата додека одат на работа или на училиште.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели