ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 1/9 стр. 14
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • Празници-меѓници на израелската историја
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 1/9 стр. 14

Дали сте знаеле?

Зошто во пустината Бог ги хранел Израелците со потполошки?

▪ Откако Израелците излегле од Египет, Бог двапати ги нахранил со месо од потполошки (2. Мојсеева 16:13; 4. Мојсеева 11:31).

Потполошките се мали птици, долги околу 18 сантиметри и тешки околу 100 грама. Тие се размножуваат на разни места во западна Азија и Европа. Бидејќи се птици-преселници, зимата ја минуваат во Северна Африка и во Арабија. Додека мигрираат, големи јата прелетуваат над источните брегови на Средоземното Море и над Синајскиот Полуостров.

Според еден библиски речник, потполошките „летаат брзо и умеат да го искористат ветрот, но ако ветрот го промени правецот или ако птиците се уморат од долгиот лет, целото јато може да падне и беспомошно да лежи на земја“ (The New Westminster Dictionary of the Bible). Пред да продолжат со преселбата, мора да се одморат еден до два дена. Тогаш стануваат лесен плен за ловците. Во почетокот на 20 век, Египет извезувал околу три милиони потполошки годишно.

И во двата случаи кога Израелците се хранеле со потполошки, било пролет. Иако во тој период е вообичаено овие птици да летаат над Синај, Јехова бил тој што предизвикал ‚да се крене ветар‘ за да ги доведе во израелскиот логор (4. Мојсеева 11:31).

Кој бил „Празникот на посветувањето“ што се спомнува во Јован 10:22?

▪ Трите празници што Бог им заповедал на Евреите да ги држат секоја година биле Празникот на бесквасни лебови, Педесетницата и Празникот на бербата. Тие се одбележувале во рана пролет, во доцна пролет и на есен. Меѓутоа, празникот што се спомнува во Јован 10:22 се славел во „зима“ и со него се одбележувало повторното посветување на Јеховиниот храм во 165 год. пр.н.е. „Празникот на посветувањето“ траел осум дена и почнувал на 25-тиот ден од месецот кислев, близу зимската краткоденица. Зошто почнал да се слави овој празник?

Во 168 год. пр.н.е., Антиох IV (Епифан), кој бил владетел од сириската династија Селеукиди, решил да ги искорени еврејската религија и обичаи. Тој подигнал пагански жртвеник врз жртвеникот во Јеховиниот храм во Ерусалим и му принесувал жртви на грчкиот бог Зевс.

Ова било повод за побуната на Макавејците. Еврејскиот водач Јуда Макавеецот го ослободил Ерусалим од власта на Селеукидите. Го урнал осквернатиот жртвеник и на негово место изградил нов. Точно три години по осквернувањето на жртвеникот, Јуда повторно му го посветил храмот на Јехова. Оттогаш, секој декември Евреите го одбележуваат „Празникот на посветувањето“ (хебрејски шануках), кој денес е познат како Ханука.

[Слика на страница 14]

Ликот на Јуда Макавеецот (Лион, 1553)

[Извор на слика на страница 14]

Од книгата Wood’s Bible Animals. 1876

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели