ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 1/10 стр. 11
  • Треба ли да се крштаваат бебиња?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Треба ли да се крштаваат бебиња?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • Што е крштавање?
    Одговор на библиски прашања
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Во чие име сме крстени?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Крштавањето — важен чекор за некој да стане христијанин
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 1/10 стр. 11

Читателите прашуваат...

Треба ли да се крштаваат бебиња?

▪ „Си мислев дека мојот помал брат, Џон, е проколнат да оди во лимбус“, рекла Викторија. Зошто се плашела од такво нешто? „Џон умре пред да биде крстен“, продолжила таа, „а еден католички свештеник рече дека поради тоа засекогаш ќе остане во лимбус“. Се разбира дека ова верување влева страв, но дали за него има поткрепа во Библијата? Дали Светото писмо покажува дека децата што ќе умрат пред да бидат крстени се проколнати да останат во чистилиште?

Точно, во Библијата пишува дека христијаните треба да се крштаваат. Исус им рекол на своите следбеници: „Правете ученици од луѓето од сите народи, крштавајќи ги во името на Таткото и на Синот и на светиот дух, учејќи ги да држат сѐ што ви заповедав“ (Матеј 28:19, 20). Забележи дека оние што се крштаваат мора да бидат ученици на Исус. Значи, тоа се поединци кои учеле за Исус и решиле да го следат — одлука која не може да ја донесе едно бебе.

И покрај тоа, многумина упорно тврдат дека зборовите на Исус се однесуваат на мали деца. „Секој треба да се крсти, вклучувајќи ги и бебињата“, рекол лутеранскиот пастор Рихард П. Бухер. Тој додал: „Ако не се крстат, нема да им бидат простени гревовите и ќе останат проколнати“. Но, ваквите тврдења се косат со учењата на Исус најмалку во три работи.

Прво, Исус не рекол дека треба да се крштаваат бебиња. Зошто е важно ова? Размисли за следново: Исус со жар ги поучувал своите ученици за она што го бара Бог од луѓето кои сакаат да му служат. Понекогаш, Исус повеќепати им повторувал некои учења. Зошто? За да ги разберат подобро (Матеј 24:42; 25:13; Марко 9:34-37; 10:35-45). Сепак, ниту еднаш не рекол дека треба да се крштаваат бебиња. Дали заборавил да го каже ова? Се разбира дека не! Ако бебињата треба да се крштаваат, Исус сигурно ќе го спомнел тоа.

Второ, Исус никогаш не кажал дека кој и да е се мачи по смртта. Тој верувал во она што било запишано во Светото писмо: „Живите се свесни дека ќе умрат, а мртвите не се свесни за ништо“ (Проповедник 9:5). Знаел дека мртвите не се мачат во чистилиште, лимбус, пекол или на некое друго место. Напротив, поучувал дека тие не се свесни за ништо — исто како да спијат (Јован 11:1-14).

Трето, Исус рекол дека „сите оние што се во гробовите“ ќе воскреснат (Јован 5:28, 29). Без сомнение, меѓу нив ќе има и милиони кои никогаш не биле крстени. Откако ќе воскреснат, ќе имаат можност да научат што бара Бог од нив и да живеат вечно во рајот на Земјатаa (Псалм 37:29).

Значи, во Библијата никаде не пишува дека треба да се крштаваат новороденчиња.

[Фуснота]

a Нешто повеќе за рајот на Земјата и за надежта за воскресение можеш да прочиташ во 3. и 7. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели