ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 1/11 стр. 12
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • Разрешување на мистеријата за големото дрво
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Ерусалим и Соломоновиот храм
    Запознај ја ,добрата земја‘
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 1/11 стр. 12

Дали сте знаеле?

Како се финансирала службата во храмот во Ерусалим?

▪ Различните служби во храмот се финансирале преку даноци, и тоа главно со давање задолжителен десеток. Но, имало и други видови даноци. На пример, кога се поставувал шаторот, Јехова му заповедал на Мојсеј да собере по половина сикел од секој попишан Израелец како ‚прилог за Јехова‘ (2. Мојсеева 30:12-16).

По сѐ изгледа станало обичај секој Евреин да ја дава оваа сума како годишен храмски данок. Тоа бил данокот кој Исус му рекол на Петар да го плати со паричката што ја извадил од устата на една риба (Матеј 17:24-27).

Пред неколку години, во Ерусалим биле откриени две парички што се користеле за да се плати храмскиот данок. Едната паричка, искована во Тир во 22 год. од н.е., била најдена во еден одводен канал од првиот век. Од едната страна на овој сикел е втиснат ликот на Мелкарт, односно Ваал, главниот бог на Тир, а од другата страна е втиснат орел застанат на бродски клун. Втората паричка, пронајдена во шут отстранет од храмското брдо, датира од првата година од бунтот на Евреите против Рим, 66/67 год. од н.е. На неа има пехар и три расцветани калинки, како и натписите „Половина сикел“ и „Светиот Ерусалим“. Во врска со ова откритие, проф. Габриел Беркеј вели дека на паричката има „траги од кои се гледа дека била опожарена, најверојатно од пожарите што го уништиле вториот храм во 70 год. од н.е.“

Колку импресивни биле градежните проекти на вавилонскиот цар Навуходоносор?

▪ Според библиската книга Даниел, Навуходоносор рекол: „Не е ли ова Големиот Вавилон што го изградив јас со својата силна моќ за да биде царска престолнина и за слава на моето величество?“ (Даниел 4:30). Дали овој древен град навистина бил толку импресивен?

Заслугата за храмовите, палатите, градските ѕидини и прекрасните висечки градини, историчарите му ја припишуваат на Навуходоносор. Главниот храм во центарот на Вавилон имал кула, односно зигурат, која најверојатно била висока преку 70 метри. Меѓутоа, „најпознати достигнувања [на Навуходоносор] се Патот за процесии и Портата на Иштар“, стои во книгата Вавилон — град на чудата (Babylon — City of Wonders). На обете страни на Патот за процесии, кој минувал низ Портата на Иштар, имало релјефи на лавови. За самата порта, највеличествениот влез во Вавилон, истата книга вели: „[Оваа порта] направена од темно сини глазирани цигли и украсена со релјефи на стотици бикови и змејови, сигурно била незаборавна глетка за еден посетител на главниот град во тоа време“.

На почетокот на 20 век, археолозите ископале илјадници фрагменти од Патот за процесии и од Портата на Иштар, а потоа многу од нив ги реставрирале во музејот Пергамон во Берлин (Германија).

[Слики на страница 12]

Природна големина

[Извори на слики]

Фотографија горе: Клара Емит, со љубезна дозвола на Israel Antiquities Authority; долу: Зев Радован

[Слика на страница 12]

Реконструкција на портата на Иштар

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели