ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 15/3 стр. 32
  • „Ќе може да нѐ сликате?“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Ќе може да нѐ сликате?“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 15/3 стр. 32

„Ќе може да нѐ сликате?“

Откако завршила програмата на вториот ден од обласниот конгрес во Керетаро (Мексико), Хозуе, кој служи во Бетелот во таа земја, излегол на прошетка низ градот заедно со некои пријатели. Додека се шетале, еден брачен пар туристи од Колумбија, Хавиер и Мару, го замолиле Хозуе да ги слика со нивниот апарат. Бидејќи тој и пријателите биле убаво облечени и ги носеле конгресните значки, Хавиер и Мару ги прашале дали биле на некоја свеченост. Хозуе им кажал дека се дојдени на конгрес на Јеховините сведоци и ги поканил да присуствуваат на програмата во недела.

Но, тие рекле дека би им било непријатно да дојдат бидејќи немале соодветна облека за еден таков настан. Сепак, Хозуе им го кажал своето име и им го дал телефонскиот број на подружницата каде што служи.

Многу се изненадил кога четири месеци подоцна Хавиер му се јавил и му кажал дека отишле на конгресот. Сега сакале Јеховините сведоци да ги посетат во Мексико Сити каде што престојувале во тоа време. Наскоро Хавиер и Мару почнале да ја проучуваат Библијата и да одат на состаноци. Десет месеци подоцна станале објавители. Иако морале да се преселат во Торонто (Канада), продолжиле духовно да напредуваат и се крстиле.

Подоцна, Хавиер му испратил писмо на Хозуе во кое му објаснил што го поттикнало да ја прифати вистината. „Пред да отидеме на тој конгрес, јас и жена ми разговаравме за тоа дека ни е потребно водство од Бог. Кога видовме колку убаво сте облечени, си помисливме дека сигурно сте биле на некој посебен настан. Она што го доживеавме на конгресот ни остави многу силен впечаток. Сведоците љубезно ни помогнаа да се сместиме и да следиме во Библијата кога се читаа некои стихови. Бевме воодушевени и од однесувањето на присутните. Изгледаше дека воопшто не им пречи што бевме облечени како туристи“.

Цар Соломон напишал: „Наутро сеј го семето свое и до вечерта нека не ти почива раката. Зашто, не знаеш каде ќе имаш успех, овде или онде, или и едното и другото ќе биде еднакво добро“ (Проп. 11:6). Вистинитоста на овие зборови се потврдила и во случајот со Хозуе. Можеш ли и ти да го сееш семето така што ќе поканиш некого на следниот конгрес или на некое јавно предавање? Јехова може преку тебе да привлече кон себе луѓе кои се духовно гладни и жедни, како што биле Хавиер и Мару (Иса. 55:1).

[Слика на страница 32]

Од лево на десно: Алехандро Вогелин, Мару Пинеда, Алехандро Пинеда, Хавиер Пинеда и Хозуе Рамирез во подружницата во Мексико

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели