ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/4 стр. 3
  • Во потрага по одговори

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Во потрага по одговори
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • Одговори на нашите прашања за Исус Христос
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Кој е Исус Христос?
    Што навистина учи Библијата?
  • Што кажал Исус за себе
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Кој е Исус Христос?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/4 стр. 3

Во потрага по одговори

„Речиси секој има своја теорија за тоа кој бил [Исус]. Без разлика дали сме верници или не, сите ние понекогаш се прашуваме: ‚Кој бил тој човек?‘“ (ПИСАТЕЛОТ СТЕН ГАТРИ)

ЛУЃЕТО се љубопитни околу тоа кој бил Исус. Книгите за него се едни од најпродаваните. Филмовите за него станаа хитови со огромна заработка. Но, сѐ уште постојат многу неодговорени прашања околу Исус. Луѓето имаат различни мислења за тоа кој бил тој.

Пред неколку години, двајца новинари им предложиле на гледачите да одговорат во живо на прашањето: „Кој бил Исус?“ Еве некои од одговорите:

● „Изгледа дека бил рабин (учител) кој со својот живот ни дал пример на сочувство.“

● „Тој бил само обичен човек кој живеел необичен живот.“

● „Нема докази дека Исус постоел.“

● „Исус е Божјиот Син кој се родил, умрел и станал од мртвите за да нѐ спаси од гревовите. Тој сѐ уште е жив и повторно ќе дојде на Земјата.“

● „Верувам дека Исус Христос е единствениот син на Бог, кој е и човек и бог во исто време.“

● „Исус е приказна за деца.“

Јасно, овие гледишта се толку различни што е невозможно сите да се точни. Постои ли веродостоен извор на информации од кој можеме да ги добиеме точните одговори на нашите прашања за Исус? Издавачите на ова списание се уверени дека Библијата е Божја Реч и дека само од неа можеме да ја дознаеме целата вистина за Исусa (2. Тимотеј 3:16).

Во следната статија ќе видиме каков одговор дава Библијата на некои често поставувани прашања во врска со Исус. Самиот тој рекол дека може да се спаси „секој што верува во него“ (Јован 3:16). Разгледај ги одговорите и потоа сам одлучи дали треба да дознаеш нешто повеќе за Исус и за тоа како да покажеш вера во него.

[Фуснота]

a Нешто повеќе можеш да прочиташ во 2. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, кое носи наслов „Библијата — книга од Бог“. Оваа публикација е издадена од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели