ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/5 стр. 32
  • „Чувај си го срцето“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Чувај си го срцето“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/5 стр. 32

„Чувај си го срцето“

Областен конгрес на Јеховините сведоци

МОТО ЗА ПЕТОК

„Јехова го гледа она што е во срцето“ (1. САМОИЛОВА 16:7)

МОТО ЗА САБОТА

„Устата го зборува она со кое е полно срцето“ (МАТЕЈ 12:34)

МОТО ЗА НЕДЕЛА

„Служи му [на Јехова] со потполно оддадено срце“ (1. ЛЕТОПИСИ 28:9)

Во Библијата, зборот срце се спомнува околу илјада пати. Најчесто се мисли на симболично срце, а не на дословно. Што е тоа симболично срце? Обично, овој израз се однесува на тоа каков е човек однатре — какви мисли, чувства и желби има.

Зошто треба да си го чуваме нашето симболично срце? Бог го водел цар Соломон да напише: „Од сѐ што треба да се чува, најмногу чувај си го срцето, зашто од него извира животот“ (Изреки 4:23). Каков живот ќе имаме сега и во иднина зависи од тоа какво е нашето симболично срце. Зошто? Затоа што Бог гледа што имаме во нашето срце (1. Самоилова 16:7). Какво мислење ќе има Бог за нас зависи од тоа какви сме однатре, односно од „тајниот човек на срцето“ (1. Петрово 3:4).

Како да си го чуваме срцето? Одговорот на ова прашање ќе биде темелно обработен на конгресите на Јеховините сведоци, кои од овој месец ќе почнат да се одржуваат низ целиот свет. Срдечно си поканет да присуствуваш сите три дена на овој конгрес.a Она што ќе го научиш ќе ти помогне да постапуваш на начин што ќе го израдува Јехова Бог (Изреки 27:11).

[Фуснота]

a За да ја дознаеш најблиската локација на која ќе се одржува конгресот, посети ја веб-страницата www.jw.org. Исто така, можеш и да стапиш во контакт со Јеховините сведоци во твоето место или да пишеш до издавачите на ова списание.

[Извор на слика на страница 32]

Фотографија десно: Aus dem Fundus der MÜNCHNER OLYMPIAPARK GMBH, München

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели