ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/9 стр. 22
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Се зазела за Божјиот народ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Храбро се зазела за Божјиот народ
    Угледајте се на нивната вера
  • Дали сте знаеле?
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/9 стр. 22

Дали сте знаеле?

Како се испраќале писма во библиски времиња?

За испраќање на службени писма и пораки, во Персија постоела Државна поштенска служба. Во библиската книга за Естира е објаснето како функционирала таа: „[Мардохеј] ги напиша писмата во името на цар Ахасвер, ги запечати со царскиот печатен прстен и ги испрати по гласници на коњи. Тие јаваа брзи коњи од царската поштенска служба“ (Естира 8:10). И во Римското Царство имало слична служба за испраќање административна и воена пошта.

Приватната пошта, како што биле писмата што ги напишале апостол Павле и други христијани, не се разнесувала на таков начин. Ако некој бил богат, своето писмо можел да го испрати преку роб. Но, за повеќето луѓе писмата ги пренесувале нивни познајници, па дури и непознати лица кои патувале во саканиот правец. Потенцијални „поштари“ биле роднините, пријателите, војниците или трговците. Се разбира, многу било важно дали лицето што го носело писмото е доверливо и дали ќе го пренело внимателно и неоштетено. Библијата покажува дека барем некои од своите писма Павле ги испратил преку сохристијани што патувале (Ефешаните 6:21, 22; Колошаните 4:7).

Како се одвивала трговијата во древниот Израел?

Во Израел, главни економски гранки биле земјоделството, сточарството и трговијата. Во Библијата се спомнуваат пазари на градските порти — „Овчата порта“, „Рибната порта“ и „Портата на грнчарските отпадоци“ (Неемија 3:1, 3; Еремија 19:2). Овие називи покажуваат каква стока се продавала на секое од тие места. Во Библијата се спомнува и „пекарската улица“ во Ерусалим, како и голем број стоки со кои се тргувало (Еремија 37:21).

А какви биле цените? Еден осврт на Библијата вели: „Цените варирале низ вековите и тешко е да се утврди колку точно чинел одреден производ во даден период и место“. Сепак, некои информации од древни извори, вклучувајќи ја и Библијата, покажуваат дека дури и во тоа време имало инфлација. На пример, во минатото било вообичаено да се тргува со робови. Јосиф бил продаден за 20 сребреници, кои можеби биле сикли. Тоа веројатно била просечна цена на еден роб во 18 век пр.н.е. (1. Мојсеева 37:28). По 300 години, цената изнесувала 30 сикли (2. Мојсеева 21:32). До 8 век пр.н.е. цената се покачила на 50 сикли (2. Царевите 15:20). Два века подоцна, за време на персискиот период, цените на робовите достигнале 90 или повеќе сикли. По сѐ изгледа покачувањето на цените не е само денешен проблем.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели