ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 1/4 стр. 8-9
  • Библијата менува животи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Библијата менува животи
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Сличен материјал
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • „Мислев дека имам сѐ што би можел да посакам“
    Библијата менува животи
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 1/4 стр. 8-9

БИБЛИЈАТА МЕНУВА ЖИВОТИ

„Бев суров човек“

Раскажал Еса Леинонен

  • РОДЕН: 1960

  • ЗЕМЈА: ФИНСКА

  • НЕКОГАШ: ХЕВИ-МЕТАЛ МУЗИЧАР

МОЕТО МИНАТО

Пораснав во едно сиромашно предградие на пристанишниот град Турку. Татко ми беше шампион во бокс, а и јас и брат ми бевме боксери. На школо често учествував во тепачки. Никогаш не се плашев да ги стегнам тупаниците и да се степам. Како тинејџер, ѝ се приклучив на една банда која сееше страв и трепет меѓу луѓето. Така учествував во уште повеќе тепачки. Освен тоа, почнав да слушам хеви-метал музика и мојот сон беше еден ден да станам рок-ѕвезда.

Си купив тапани и оформив музичка група. По некое време станав главен пејач на групата. Уживав да правам што сакам на сцената. Бидејќи како група бевме агресивни и имавме див изглед, станавме многу популарни. Почнавме да свириме пред голема публика. Снимивме и неколку песни, од кои последната доби многу позитивни критики. При крајот на 1980-тите, отидовме на турнеја низ САД. Имавме неколку настапи во Њујорк и Лос Анџелес, а пред да се вратиме во Финска стапивме во контакт со некои видни луѓе од светот на музиката.

Иако ми беше убаво во групата, копнеев да најдам поголема смисла во животот. Се разочарав од бездушноста и агресивноста кои цветаа во музичката индустрија. Не ме исполнуваше ниту слободниот начин на живот што го водев. Мислев дека сум лош човек и се плашев дека ќе горам во пеколот. Одговорот на некои мои прашања го барав во различни верски книги. Исто така, многупати го молев Бог за помош, иако мислев дека никогаш нема да успеам да го правам она што е исправно.

КАКО БИБЛИЈАТА МИ ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ

За да извадам парче леб, работев во поштата. Еден ден, дознав дека еден мој колега е Јеховин сведок. Го преплавив со прашања. Неговите логични одговори темелени на Светото писмо го разбудија мојот интерес. Затоа се согласив да ја проучувам Библијата. Откако проучувавме неколку седмици, на мојата група ѝ беше понуден ексклузивен договор со можност за издавање на албум во САД. Тоа беше шансата што ја чекав цел живот.

На Сведокот со кој проучував му кажав дека ќе снимам само уште еден албум, а потоа ќе почнам да живеам според библиските начела. Иако не ми го кажа своето лично мислење, ме замоли да ги прочитам зборовите на Исус запишани во Матеј 6:24. Таму стои: „Никој не може да им робува на двајца господари“. Занемев кога го сфатив значењето на овие зборови. Но, по неколку дена, Сведокот кој ја проучуваше Библијата со мене беше тој што занеме од изненаденост! Му кажав дека ја напуштив групата за да можам да го следам примерот на Исус!

Библијата беше како огледало што ми помогна да ги видам моите недостатоци (Јаков 1:22-25). Сфатив дека бев суров човек. Бев горд и имав незаситна желба да бидам подобар од другите. Пцуев, се тепав, пушев и многу пиев. Кога станав свесен колку спротивен беше мојот живот во однос на библиските начела, се разочарав. И покрај тоа, бев спремен да ги направам потребните промени (Ефешаните 4:22-24).

‚Нашиот небесен Татко е милостив и сака да им ги излекува раните на оние што се каат за своите грешки‘

Особено на почетокот чувствував грижа на совеста за грешките што ги имав направено во минатото. Но, Сведокот со кој проучував многу ми помогна. Тој ми ги прочита зборовите од Исаија 1:18, каде што пишува: „Ако бидат вашите гревови како црвено платно, ќе станат бели како снег“. Овој, како и други библиски стихови, ме увери дека нашиот небесен Татко е милостив и дека сака да им ги излекува раните на оние што се каат за своите грешки.

Кога Јехова ми стана близок и го засакав, решив да му го посветам својот живот (Псалм 40:8). Се крстив во 1992 год. на еден меѓународен конгрес на Јеховините сведоци што се одржа во Санкт Петербург (Русија).

[Слика на страница 9]

МОЈОТ ЖИВОТ СЕГА

Меѓу Јеховините сведоци стекнав многу пријатели. Одвреме-навреме, се собираме за да свириме и да уживаме во убавата музика која е дар од Бог (Јаков 1:17). Посебен благослов ми е бракот со Кристина. Со неа делам сѐ — и добрите и лошите моменти во животот, како и моите најдлабоки чувства.

Да не станев Јеховин сведок, сега можеби немаше да бидам жив. Во минатото, глава не можев да кренам од проблеми. Но, сега имам вистинска смисла во животот. Сите работи си дојдоа на свое место.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели