ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w14 1/10 стр. 8-9
  • Божјето Царство — што ќе значи за тебе?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Божјето Царство — што ќе значи за тебе?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Сличен материјал
  • Божјето Царство — колку му значи на Исус
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Одговор на библиски прашања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Божјето Царство
    Разбудете се! 2013
  • Поддржувај го Божјето Царство уште сега!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
w14 1/10 стр. 8-9
Маж и жена учат за Божјето Царство преку библиски курс

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | БОЖЈЕТО ЦАРСТВО — ШТО МОЖЕ ДА ЗНАЧИ ЗА ТЕБЕ?

Божјето Царство — што ќе значи за тебе?

Читајќи ги претходните статии, веројатно забележа дека Божјето Царство им значи многу на Јеховините сведоци. Можеби те одушевија некои од споменатите благослови што ќе ги донесе Царството. Во исто време, можеби си мислиш дека таквите ветувања се премногу убави за да бидат вистинити.

Мудро е да бидеш претпазлив наместо веднаш да поверуваш во сѐ што ќе слушнеш (Изреки 14:15). Во некои аспекти, твојата претпазливост би можела да се спореди со онаа на луѓето во древниот град Верија.a Кога првпат ја чуле добрата вест за Царството тие поверувале во неа, но не само затоа што сакале тоа да биде вистина. Напротив, внимателно ги испитувале Писмата „за да видат дали е тоа така“ (Дела 17:11). Со други зборови, жителите на Верија го споредиле она што го чуле со она што го пишувало во Писмата. Со текот на времето се увериле дека добрата вест цврсто се темелела на Божјата Реч.

Јеховините сведоци те поттикнуваат и ти да го направиш истото. Преку нашата програма за бесплатно проучување на Библијата, ќе имаш можност да го споредиш она што го веруваат Јеховините сведоци за Божјето Царство со она што го пишува во Библијата за него.

Освен што ќе дознаеш нешто повеќе за Божјето Царство, тоа што ќе ја проучуваш Библијата може да ти помогне да најдеш одговор на некои од најважните животни прашања, како што се:

  • Како сме настанале?

  • Која е смислата на животот?

  • Зошто Бог ги допушта страдањата?

  • Што се случува кога некој ќе умре?

  • Дали Земјата ќе биде уништена?

  • Како да имаш среќен семеен живот?

Што е најважно од сѐ, ако ја проучуваш Библијата, ќе станеш близок со Бог (Јаков 4:8). А како што ќе расте таа блискост, Божјето Царство ќе те радува сѐ повеќе, и тоа може да продолжи засекогаш. Во молитва до својот Татко, Исус рекол: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3).

Јеховините сведоци можат да ја проучуваат Библијата со тебе со помош на оваа книга.

Ако сакаш бесплатно да ја проучуваш Библијата, можеш да му го кажеш тоа на некој Јеховин сведок. Исто така, можеш да го пополниш формуларот на www.jw.org/mk. (На почетната страница кликни на ПОБАРАЈ БИБЛИСКИ КУРС).

a Верија бил град во древна Македонија.

Колку ѝ значи Божјето Царство

Фолаке

Неодамна, 10-годишната Фолаке требало да напише есеј на тема „Што сакам најмногу на светот“. Таа решила да раскаже зошто најмногу сака да им кажува на другите за Божјето Царство.

„Божјето Царство е вистинска влада“, напишала Фолаке. „Но, не можеш да ја видиш, дури и ако носиш очила!“

Понатаму, Фолаке продолжила да пишува за благословите од тоа Царство на кои таа многу им се радува. Откако спомнала неколку проблеми што ќе бидат решени кога ќе дојде Царството, таа напишала: „Се растажувам кога гледам бездомници по улиците или деца што во разни земји умираат од глад“. Понатаму напишала: „Сепак, ми се враќа радоста кога го читам стихот од Исаија 65:21“. За луѓето што ќе живеат кога ќе владее Божјето Царство, во тој стих е запишано ветувањето: „Тие ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе го јадат нивниот род“.

Фолаке додала дека едвај чека да дојде времето кога Бог, преку своето Царство, еднаш засекогаш ќе им стави крај на сите болести. Таа го цитирала и стихот од Откровение 21:4, во кој пишува дека Бог „ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка“. Есејот го завршила со тоа што уште еднаш нагласила дека најмногу на светот сака да им зборува на луѓето за Јехова и за неговото Царство. Јасно е дека Божјето Царство има посебно место во срцето на ова девојче!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели