ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w15 1/1 стр. 13
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Сличен материјал
  • Царот Христос ќе им судел на овците и на јарците
    Исус — патот, вистината и животот
  • Каква е иднината за овците и јарците?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Лојално да ги поддржуваме Христовите браќа
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Животот во библиски времиња — работата на еден пастир
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
w15 1/1 стр. 13

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?

Што значи зборот „евнух“ што се спомнува во Библијата?

Асирски релјеф на кој е прикажан евнух

Детаљ од асирски релјеф на кој е прикажан евнух

Понекогаш, овој збор може да се однесува на маж кој бил кастриран. Во библиски времиња, некои мажи биле кастрирани за казна или, пак, кога ќе биле заробени или ќе станеле робови. Доверливи мажи што биле кастрирани ги надгледувале женските одаи, или хареми, во царските палати. На пример, евнусите Хигеј и Саазгаз служеле како чувари на жените и наложниците на персискиот цар Ахасвер, за кој се смета дека бил Ксеркс I (Естира 2:3, 14).

Меѓутоа, не биле кастрирани сите што во Библијата се наречени евнуси. Некои изучувачи велат дека овој збор се користел и во поширока смисла и се однесувал на службениците на кои им биле доверени разни задолженија во царскиот дворец. Изгледа дека во таа смисла овој збор е употребен за Авде-Мелех, пријателот на Еремија, и за еден Етиопјанец на кој му проповедал христијанинот Филип, а чие име не е кажано. Авде-Мелех очигледно бил висок службеник, бидејќи имал директен пристап до царот Седекија (Еремија 38:7, 8). А за Етиопјанецот е речено дека бил царски ризничар кој „дошол во Ерусалим да му се поклони на Бог“ (Дела 8:27).

Зошто пастирите во библиски времиња ги одвојувале овците од јарците?

Пастир со стадо овци

Кога зборувал за судењето што требало да настапи во иднина, Исус рекол: „Кога Синот човечки ќе пристигне во својата слава... ќе ги одвои луѓето едни од други, како што пастирот ги одвојува овците од јарците“ (Матеј 25:31, 32). Зошто пастирите ги одвојувале овие животни во различни стада?

Во текот на денот, овците и јарците обично паселе заедно. Навечер ги собирале во заградени простории за да бидат заштитени од дивите животни, од крадците и од студот (1. Мојсеева 30:32, 33; 31:38-40). Јарците и козите се поагресивни од овците, кои по природа се кротки. За да не ги повредат овците, особено женките и јагнињата, тие биле одвојувани во посебни трла. Пастирите ги одвојувале овците од јарците и кога требало „да се парат, да се молзат и да се стрижат“, пишува во една книга (All Things in the Bible). Според тоа, споредбата што ја кажал Исус се состоела од сцени кои им биле добро познати на оние што го слушале бидејќи во древниот Израел сточарството било многу застапено.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели