ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w15 1/9 стр. 4
  • Какви луѓе се Јеховините сведоци?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Какви луѓе се Јеховините сведоци?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Сличен материјал
  • Зошто проповедаме?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Враќање кај вистинскиот Бог
    Потрагата на човештвото по Бог
  • Остани неутрален во овој разединет свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Што значи да се биде неутрален?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
w15 1/9 стр. 4
Јеховини сведоци од различни раси се поздравуваат во Сала на Јеховините сведоци

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | КОИ СЕ ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ?

Какви луѓе се Јеховините сведоци?

Ние сме меѓународна организација која не е поврзана со ниту една друга верска група. Иако нашето главно седиште е во САД, поголемиот број Јеховини сведоци живеат во други земји. Всушност, над осум милиони Сведоци во повеќе од 230 земји ги поучуваат луѓето за Библијата. Со тоа го исполнуваме следново пророштво што го дал Исус: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет, за сведоштво на сите народи“ (Матеј 24:14).

Без оглед на тоа каде живееме, ние совесно ги почитуваме законите, додека во исто време сме политички неутрални. Исус рекол дека христијаните нема да бидат ‚дел од овој свет‘. Затоа не се мешаме во политика и не ги поддржуваме војните (Јован 15:19; 17:16). За време на Втората светска војна, Јеховините сведоци биле затворани, мачени, па дури и убивани затоа што сакале да останат неутрални. Еден поранешен германски бискуп го напишал следново за Сведоците: „Тие со право можат да тврдат дека беа единствената поголема група во Третиот рајх што не учествуваше во војната поради својата совест“.

„Јеховините сведоци се многу принципиелни и чесни. Овие несебични луѓе се најсоодветни за вршење на високите политички функции, но никогаш не би прифатиле такво нешто... Тие ги почитуваат властите, но веруваат дека само Божјето Царство може да ги реши сите човечки проблеми“ (весникот Nová Svoboda, поранешна Чехословачка).

Но, тоа што не сме дел од светот не значи дека сме изолирани. Во врска со своите следбеници, Исус во молитва му го рекол следново на Бог: „Не те молам да ги земеш од светот“ (Јован 17:15). Токму затоа, ние работиме, пазаруваме и нашите деца одат на училиште заедно со другите луѓе во местото во кое живееме.

ЗЕМЈИ СО НАЈВИСОК БРОЈ СВЕДОЦИ

  • САД 1.190.000

  • Мексико 800.000

  • Бразил 770.000

  • Нигерија 330.000

  • Италија 250.000

  • Јапонија 220.000

Денешен Израел

Гледај го видеоклипот Специјален конгрес во Израел на www.jw.org/mk во кој е прикажано како Сведоците од Израел и Палестина ги надминале националните и етничките разлики. (Кликни на ЗА НАС > КОНГРЕСИ)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели