ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w15 1/10 стр. 3
  • Зошто луѓето се молат?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто луѓето се молат?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Сличен материјал
  • Приближување на Бог во молитва
    Што бара Бог од нас?
  • Молитвата може да ти помогне да се зближиш со Бог
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Како треба да се молиме за Бог да нѐ чуе?
    Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
  • Исус нѐ учи да се молиме
    Учи од Големиот Учител
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
w15 1/10 стр. 3

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ ВРЕДИ ДА СЕ МОЛИШ?

Зошто луѓето се молат?

„Бев тежок коцкар. Се молев да добијам голема сума пари, но попусто“ (Самуел,a Кенија).

„На училиште сите требаше напамет да учиме молитви и да ги рецитираме“ (Тереза, Филипини).

„Му се молам на Бог кога се соочувам со некој проблем. Се молам и за простување на гревовите и за да бидам подобра христијанка“ (Магдалена, Гана).

1. Човек се моли пред маса за рулет; 2. Девојче се моли во училиште; 3. Жена се моли

Изјавите на Самуел, Тереза и Магдалена покажуваат дека луѓето се молат од најразлични причини. Некои се молат од срце, а други чисто формално. Како и да е, без разлика дали некој се моли за да добие добра оценка на училиште, за да победи неговата омилена екипа, за да има среќен семеен живот или за што и да е друго, стотици милиони луѓе чувствуваат потреба да се молат. Истражувањата покажуваат дека дури и некои лица што не припаѓаат на ниту една религија се молат редовно.

Дали и ти се молиш? Ако да, за кои работи? Без оглед на тоа дали имаш навика да се молиш или не, можеби се прашуваш: ‚Дали вреди да се молам? Дали некој воопшто ги слуша молитвите?‘ Еден писател рекол дека молитвата е само „еден вид терапија... исто како да си зборуваш со своето милениче“. Некои лекари имаат слично гледиште за молитвата и ја нарекуваат „алтернативна медицина“. Дали молитвата е само една безначајна навика или служи само како емоционален вентил?

Од Библијата дознаваме дека молитвата е нешто многу повеќе од терапија. Оваа книга ни кажува дека има некој што навистина нѐ слуша кога се молиме на исправен начин и за исправни работи. Како можеме да бидеме сигурни во ова? Да разгледаме некои докази.

a Некои имиња се сменети.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели