ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp17 Бр. 5 стр. 6
  • Постојат ли злобни ангели?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Постојат ли злобни ангели?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Сличен материјал
  • Одговор на библиски прашања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Ангели — како влијаат врз нас?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Ангелите — „духови чија должност е да служат“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Дали навистина постојат демони?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
wp17 Бр. 5 стр. 6
Злобни ангели, односно демони

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ ПОСТОЈАТ АНГЕЛИ?

Постојат ли злобни ангели?

Да, постојат злобни ангели. Како настанале? Како што веќе спомнавме, Бог ги создал ангелите со слободна волја. Кратко откако биле создадени првите маж и жена, Адам и Ева, едно совршено духовно суштество ја злоупотребило својата слободна волја и кренало бунт на Земјата. Овој ангел ги навел Адам и Ева да се побунат против Бог (1. Мојсеева 3:1-7; Откровение 12:9). Библијата не кажува кое е неговото име ниту каква положба имал на небото пред да се побуни. Но, после побуната, Библијата со право го нарекува овој ангел Сатана, што значи „противник“, и Ѓавол, што значи „клеветник“ (Матеј 4:8-11).

За жал, побуната против Бог не завршила тогаш. Во времето на Ное, една група ангели го напуштиле „своето вистинско живеалиште“ на небото како членови на Божјето семејство. Тие дошле на Земјата во човечки облик и правеле расипани и неморални работи, сосема спротивно на Божјата намера (Јуда 6; 1. Мојсеева 6:1-4; 1. Петрово 3:19, 20).

Што се случило подоцна со тие злобни ангели? Кога Бог предизвикал потоп на целата Земја за да ја исчисти од лошите работи, тие се вратиле во небесното подрачје како духовни суштества. Сепак, Бог не им дозволил на тие дрски ангели да се вратат на „својата првобитна положба“. Наместо тоа, ги фрлил во „густа [духовна] темнина“ наречена тартар, која ја претставува нивната понижена состојба (Јуда 6; 2. Петрово 2:4). Овие демони потпаднале под контрола на Сатана Ѓаволот, „владетелот на демоните“, кој „се преправа дека е ангел на светлината“ (Матеј 12:24; 2. Коринќаните 11:14).

Од Библијата учиме дека Божјето месијанско Царство, кое претставува небесна влада, било воспоставено во 1914 год.a Тогаш Сатана и демоните биле исфрлени од небесното подрачје и биле ограничени да дејствуваат само на Земјата. Раширената злоба и одвратниот неморал со кои е преплавена нашата планета се доказ за нивната одмаздољубивост и за нивното деструктивно влијание (Откровение 12:9-12).

Сепак, тоа што има сѐ повеќе изопаченост и сурово насилство покажува дека се ближи крајот на тиранското владеење на Сатана и демоните. Овие свирепи духовни суштества наскоро ќе бидат отстранети. Откако Божјето Царство ќе владее 1.000 години над Земјата, која ќе стане рај, злобните духовни суштества ќе имаат уште една, последна шанса да ја испитаат верноста на луѓето кон Бог. Тогаш ќе бидат уништени, и тоа засекогаш (Матеј 25:41; Откровение 20:1-3, 7-10).

a Нешто повеќе за Божјето Царство можеш да прочиташ во поглавје 8 од книгата Што навистина учи Библијата?, која е издадена од Јеховините сведоци. Достапна е и на www.jw.org/mk.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели