Содржина
3 Тие се ставиле на располагање — во Турција
СЕДМИЦА ОД 28 АВГУСТ 2017 ДО 3 СЕПТЕМВРИ 2017
7 Собирај си вистинско богатство
Во оваа статија ќе видиме како можеме да ги користиме нашите материјални работи за да си стекнеме пријателство со Јехова и со Исус (Лука 16:9). Освен тоа, ќе разгледаме што ќе ни помогне да не станеме робови на денешниот трговски систем и како можеме да му служиме на Јехова во колку што е можно поголема мера.
СЕДМИЦА ОД 4 ДО 10 СЕПТЕМВРИ 2017
12 „Плачете со оние што плачат“
Како може еден Божји слуга да најде утеха кога ќе му почине некој од најблиските? Јехова ни дава утеха преку Исус Христос, преку Библијата и преку собранието. Во оваа статија ќе видиме како можеме да најдеме утеха и како можеме да ги тешиме ужалените.
СЕДМИЦА ОД 11 ДО 17 СЕПТЕМВРИ 2017
17 Зошто треба да го фалиме Јехова?
Писателот на Псалм 147 во неколку наврати го поттикнува Божјиот народ да го фали Јехова. Од кои причини псалмистот толку многу сакал да го фали Бог? Одговорот се наоѓа во оваа статија, во која ќе видиме зошто и ние треба да го фалиме нашиот Бог.
СЕДМИЦА ОД 18 ДО 24 СЕПТЕМВРИ 2017
22 Јехова „нека ги исполни сите твои намери“
Многу млади браќа и сестри со голема ревност започнуваат со полновремена служба. Дали и ти сакаш да го сториш тоа? Во оваа статија ќе најдеш мудри библиски совети кои ќе ти помогнат да имаш среќна и успешна иднина.