Вовед
ДАЛИ БОГ СЕ ГРИЖИ ЗА ТЕБЕ?
Кога ќе се случи некоја катастрофа или кога луѓето страдаат и умираат, можеби се прашуваме дали Бог го забележува тоа и дали воопшто му е важно. Во Библијата пишува:
„Очите на Јехова ги гледаат праведниците и ушите негови ги слушаат нивните сесрдни молитви, а лицето на Јехова е против оние што прават зло“ (1. Петрово 3:12).
Овој број на Стражарска кула ни покажува како Бог ни помага денес и како наскоро ќе ги отстрани страдањата.