ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w18 Август стр. 31-32
  • Како семето на вистината било посеано во Португалија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како семето на вистината било посеано во Португалија
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
w18 Август стр. 31-32

ОД НАШАТА АРХИВА

Како семето на вистината било посеано во Португалија

ПРОЛЕТТА 1925 год., на еден брод што пловел кон Европа преку Атлантскиот Океан, бил и брат Џорџ Јанг. За време на своето патување, тој размислувал за прекрасните искуства од службата што ги имал во Бразил.a Но, брат Јанг почнал да размислува и за својата нова задача — огромното подрачје на Шпанија и Португалија каде што повеќето луѓе сѐ уште немале слушнато за добрата вест. Тој имал намера по своето пристигнување да започне со подготовките за библиските предавања што требало да ги одржи брат Ратерфорд, и да подели 300.000 трактати.

Џорџ Јанг патува со брод

Во текот на многуте свои проповеднички патувања, Џорџ Јанг пловел по море

Кога брат Јанг пристигнал во Лисабон (Португалија), таму имало многу немири. Републиканската револуцијата во 1910 год. ставила крај на монархијата и била причина Католичката црква да изгуби голем дел од својата моќ и влијание. Иако народот добил поголема слобода, во земјата сѐ уште имало граѓански немири.

Во периодот кога брат Јанг правел подготовки за предавањето на брат Ратерфорд, владата прогласила вонредна состојба поради обид за државен удар. Секретарот на Британското и инострано библиско друштво го предупредил брат Јанг дека сигурно ќе наиде на големо противење. И покрај тоа, брат Јанг побарал дозвола за да ја користи спортската сала во средното училиште „Камоиш“, и ја добил.

Конечно дошол 13 мај — денот кога брат Ратерфорд требало да го одржи своето предавање. Луѓето биле во исчекување! Говорот „Како да живееш вечно на Земјата“ бил најавуван во весниците, како и со плакати кои биле поставувани на зградите. Верските противници веднаш објавиле статија во нивниот весник со која сакале да ги предупредат своите читатели за опасноста од новите „лажни пророци“. Исто така, на влезот од спортската сала противниците поделиле илјадници брошури со информации против учењата што ги изнесувал брат Ратерфорд.

И покрај тоа, салата била преполна. Внатре имало околу 2.000 луѓе, а на уште толку лица не им било дозволено да влезат бидејќи немало повеќе место. Некои од присутните биле качени на скалите од јаже кои виселе на ѕидовите од салата. А други се качиле на справите за вежбање.

Но не течело сѐ како подмачкано. Противниците гласно викале и кршеле столчиња. Сепак, брат Ратерфорд не се вознемирил и смирено се качил на една маса за да можат сите да го чујат. Откако завршил со предавањето — некаде околу полноќ — повеќе од 1.200 заинтересирани лица ги оставиле своите имиња и адреси за да добијат библиски публикации. Следниот ден, во весникот O Século била објавена статија за предавањето на брат Ратерфорд.

Од септември 1925 год., во Португалија почнала да излегува Стражарска кула на португалски јазик. (Ова списание веќе излегувало на португалски јазик во Бразил.) Некаде во тоа време, Вержилио Фергусон, еден Истражувач на Библијата во Бразил, почнал да прави планови да се пресели во Португалија за да помогне во делото за Царството. Претходно, тој и брат Јанг заедно служеле во малата подружница на Истражувачите на Библијата во Бразил. Набрзо, Виржилио и неговата сопруга Лизи отпатувале за Португалија и му се придружиле на брат Јанг. Брат Фергусон пристигнал во вистински момент бидејќи брат Јанг кратко потоа бил испратен да проповеда на други места, меѓу кои и Советскиот Сојуз.

Дозвола за престој за Лизи и Виржилио Фергусон (1928)

Дозвола за престој за Лизи и Виржилио Фергусон (1928)

Кога по еден воен удар била воведена диктатура во Португалија, противењето се зголемило. Брат Фергусон останал непоколеблив и презел чекори да ја заштити малата група Истражувачи на Библијата и да им помогне во службата. Тој побарал дозвола за да може во неговиот дом редовно да се одржуваат состаноци. Во октомври 1927 год. добил дозвола за тоа.

Во првата година од диктатурата, околу 450 лица во Португалија се претплатиле на списанието Стражарска кула. Освен тоа, со помош на трактати и брошурки, библиската вистина била пренесена до најоддалечените краеви на Португалската Империја — Азорските Острови, Ангола, Гоа, Зелен ’Рт, Источен Тимор, Мадеира и Мозамбик.

Во 1929 год., во Лисабон дошол Мануел да Силва Жордао, еден понизен португалски градинар. Додека живеел во Бразил, тој слушнал едно јавно предавање од брат Јанг. Веднаш сфатил дека тоа е вистината и сакал да му помогне на брат Фергусон во проповедничкото дело. За таа цел, Мануел почнал да служи како колпортер, како што тогаш ги нарекувале пионерите. Бидејќи печатењето и дистрибуирањето на библиската литература веќе било добро организирано, новото собрание во Лисабон одлично напредувало!

Во 1934 год., брат и сестра Фергусон се вратиле во Бразил. Меѓутоа, семето на вистината веќе било посеано. Во текот на бурниот период во Европа, додека траеле Шпанската граѓанска војна и Втората Светска војна, браќата и сестрите во Португалија успеале да му останат верни на Бог. Некое време во духовен поглед наликувале на мали жарчиња кои само што не згаснале. Но, во 1947 год. пристигнал Џон Кук, првиот мисионер од Школата Гилеад, и нивната ревност повторно се разгорела. Оттогаш бројот на објавителите на Царството незапирливо растел. Дури и кога владата ги забрани активностите на Јеховините сведоци во 1962 год., порастот не запре. Во декември 1974 год., кога Јеховините сведоци беа законски признати, во Португалија имаше повеќе од 13.000 објавители.

Денес, повеќе од 50.000 објавители ја проповедаат добрата вест во Португалија и на неколку острови каде што се зборува португалски, вклучувајќи ги и Азорските Острови и Мадеира. Некои од овие објавители се трета генерација потомци на некои од оние што присуствувале на историското предавање на брат Ратерфорд во 1925 год.

Му благодариме на Јехова и на верните браќа и сестри кои во тоа време храбро предводеле во проповедничкото дело како слуги „на Христос Исус меѓу народите“ (Рим. 15:15, 16). (Од нашата архива во Португалија.)

a Види ја статијата „Има уште многу работа на жетвата“ во Стражарска кула од 15 мај 2014, на страници 31-32.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели