Додека се подготвува Споменот
Дали секој, вклучувајќи го и говорникот, е известен за точното време и местото на одржување на прославата? Дали говорникот има превоз?
Дали се направени конечни подготовки да се набават симболите и навреме да бидат на соодветното место?
Дали се направени подготовки однапред да биде поставена масата со чист чаршав и доволен број чаши и плитки чинии?
Какви подготовки се направени Царската сала да се исчисти доволно однапред?
Дали се одредени редарите и послужителите? Дали е испланиран состанок со нив пред Споменот за да се разгледаат нивните должности? Кога? Која постапка ќе се следи за да се осигура сите да бидат успешно послужени?
Дали е сѐ подготвено да им се помогне на старите и немоќни браќа и сестри? Направени ли се подготовки да биде послужен секој помазаник кој можеби е спречен и не е во состојба да присуствува со собранието?