Прашања
◼ Што може да се смета за прикладна облека кога некој доаѓа да се крсти?
Иако мерилата за облекување се разликуваат во различни делови на светот, библискиот совет за облекување „со скромност и здрави мисли“ останува непроменет за сите христијани, без оглед каде живеат (1. Тим. 2:9, NW). Ова начело треба да се примени и кога се размислува што е прикладна облека за крштение.
Стражарска кула од 1. јуни 1985 (англ.), стр. 30, го дава овој совет за оние кои треба да се крстат: „Во секој случај, скромноста треба да преовладува во моделот на костимот за капење што се користи. Ова е важно во денешно време кога модните дизајнери се чини дека сакаат да ја истакнат сексуалноста и да постигнат скоро потполна голотија. Друг фактор што треба да се земе во обѕир е тоа што некои костими изгледаат скромни кога се суви но понескромни кога се мокри. Никој кој се крсти не сака да биде причина за немир и спрепнување на толку сериозен настан како што е крштението (Фил. 1:10)“.
Во склад со овој совет, оние кои ќе се крстат треба да носат скромна облека, задржувајќи ја на ум важноста на настанот. Така, костим за капење кој е премногу отворен или непристојно се прилепува за телото кога е мокар ќе биде неприкладна облека за еден христијанин и треба да се избегнува. Слично на тоа, би било неприкладно за секого да биде неисчешлан или со запуштен изглед. Освен тоа, не би било прикладно да се носат маици со световни пораки или комерцијални слогани.
Времето кога наименуваните старешини ги разгледуваат прашањата за крштение со кандидатот за крштение ќе биде поволно за да се разговара колку е важно да се носи прикладна облека. На тој начин ќе се одржи достоинството на настанот, а ние и понатаму ќе останеме различни од светот. (Спореди Јован 15:19.)