ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/94 стр. 1
  • Задржи позитивен став

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Задржи позитивен став
  • Нашата служба за Царството 1994
  • Сличен материјал
  • Задржи позитивен став кон службата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Одразувај го умствениот став на Христос
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Покажувај став на чекање!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Биди ревносен во службата исто како Исус
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
Повеќе
Нашата служба за Царството 1994
km 8/94 стр. 1

Задржи позитивен став

1 Колку само сме восхитени кога читаме за чудесниот пораст што се случува во многу земји! Сепак, свесни сме дека на некои подрачја објавителите на Царството честопати наидуваат на рамнодушност, незаинтересираност, па дури и на отворено спротивставување на нашето проповедничко дело. Како да задржиме позитивен став ако е ова случај и на нашето подрачје? Како да го спречиме негативниот став кој би нѐ лишил од радоста или би ни ја спласнал ревноста за делото на правење ученици?

2 Позитивниот став ќе ни помогне да останеме урамнотежени. Дури ни под искушувачки околности, не треба да дозволиме негативните мисли да преовладуваат во нашето гледиште. Исус ни служи како совршен пример. Релативно мал број луѓе го прифатиле она што го поучувал. Многумина се спрепнале од неговите науки. Се соочил со ситуации кои во голема мера ја испитале неговата истрајност. Религиозните водачи го критикувале неговото дело и правеле завера да го убијат. Бил плукан, му биле удирани шлаканици, бил исмејуван, тепан и, на крајот, убиен. Сепак, тој нашол радост во делото што го вршел. Зошто? Затоа што сфатил колку е важно да се врши Божјата волја и не се откажал (Јован 4:34; 13:17; Евр. 12:2).

3 Да задржиме исправен став кон нашата служба: За да го постигнеме ова треба да задржиме на ум неколку фактори. Запомни дека имаме порака која повеќето луѓе ја игнорираат или ѝ се противат (Мат. 13:14, 15). Иако властите им заповедале на апостолите да престанат да поучуваат врз основа на Исусовото име, тие останале верни на својот налог да проповедаат и постојано имале резултати (Дела 5:28, 29; 6:7). Веќе однапред знаеме дека на некои подрачја ќе слушаат сразмерно малку луѓе (Мат. 7:14). Сепак, имаме причина да се радуваме ако барем едно лице на нашето подрачје има уво што слуша. Запомни го и тоа дека дури и на оние кои се противат мора да им се даде прилика да слушнат (Езек. 33:8). Некои противници на крајот се променуваат и стануваат обожаватели на Јехова. Затоа, кога се гледа исправно, нашата служба ни носи чувство дека нешто сме постигнале, дури и ако слушаат малкумина. Самото наше присуство на вратите со пораката на Божјето Царство е сведоштво (Езек. 2:4, 5).

4 Имаме добра причина да бидеме позитивни во нашето гледиште. Напредокот на делото во светот и сѐ побројните докази дека се приближуваме кон големата неволја треба да нѐ мотивираат сите нас да сториме сѐ што можеме додека служиме со божествена оддаденост (2. Петр. 3:11, 14). Ревната активност во текот на август ќе биде одличен начин да го покажеме нашето ценење кон она што сме го научиле. Исто така, сакаме и новите да покажуваат позитивен став кон применувањето на она што го научиле. Ако некои од нашите библиски ученици напредувале толку за да станат некрстени објавители, август може да биде извонредно време за да започнат.

5 Било да служиме како објавители или како пионери, на сите нас ни помага кога задржуваме на ум дека сето она што Јехова го бара од нас не е тешко (1. Јов. 5:3). Тој ветува дека ќе нѐ поддржува (Евр. 13:5б, 6). И покрај незаинтересираност, рамнодушност или противење во јавноста, мора да бидеме позитивни и да продолжиме да проповедаме бидејќи Божја волја е да го правиме тоа (1. Тим. 2:3, 4).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели