Известувања
◼ Понуда на литература во јануари: Било која книга од 192 страници, објавена пред 1982, што собранието можеби ја има на залиха. Собранијата кои ги немаат на залиха овие постари публикации треба да ја нудат Да дојде Царството твое. Февруари: Ќе се нуди Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Треба да се следи интересот преку повторни посети таму каде што била оставена оваа книга и да се прават напори за започнување на библиски студии. Март: Откровение — Близу е величествената кулминација! Април и мај: Списанијата Стражарска кула и Разбудете се! На често обработувани подрачја може да се користи било која брошура (освен брошурата Училиште). НАПОМЕНА: Собранијата кои сѐ уште не ја нарачале гореспоменатата акциска литература, треба да го сторат тоа на својата следна месечна Нарачка (S(d)-14). Публикациите издадени пред 1982, кои се споменати погоре, ги нема на располагање.
◼ Собранијата треба да направат соодветни подготовки за Споменот што оваа година ќе се слави во петок, 14 април, по зајдисонце. Иако е пожелно секое собрание да одржи своја прослава на Споменот, можеби не е секогаш можно. Таму каде што неколку собранија обично ја користат истата Сала на Царството, можеби едно или повеќе собранија ќе можат да најдат друга просторија за таа вечер. Споменот не треба да започне предоцна, па на новозаинтересираните лица да не им одговара да дојдат. Освен тоа, времето меѓу два состанока не треба да биде толку кратко што не би останало време пред или после прославата да се поздрават посетителите, да се направат подготовки за натамошна духовна помош за некои или за општа размена на охрабрувања меѓу сите присутни. После темелното разгледување на сите фактори, старешините треба да одредат кои подготовки ќе бидат најдобри за да им помогнат на сите што присуствуваат на Споменот да извлечат потполна корист од таа прилика.
◼ Во недела, на 23 април 1995, во сите собранија ќе се одржи посебно јавно предавање. Насловот ќе биде „Близу е крајот на лажната религија“. Погрижи се да ги поканиш сите што присуствувале на Споменот оваа година. Ќе бидат направени посебни напори за да им се помогне на милионите библиски ученици со кои се водат домашни библиски студии. Информациите што ќе бидат изнесени после состанокот тој ден, ќе ги подбудат и нив и нашите браќа воопшто, да очекуваат дека ќе имаат удел во растурањето на еден посебен трактат. Во исто време, тој ќе укаже на проблемите со кои се соочуваат поединци, како и на потребата да се постапува одлучно во склад со Божјата Реч.
◼ Почнувајќи од февруари, а не подоцна од 5 март, новото јавно предавање за покраинските надгледници ќе носи наслов „Божествената поука триумфира низ целиот свет“. Ова ќе биде проекција на слајдови која ги истакнува посебните меѓународни конгреси „Божествена поука“ што беа одржани во текот на 1993 и 1994 службена година. На оние подрачја во кои нема да бидат достапни слајдови сѐ до извесен подоцнежен датум, покраинските надгледници ќе го држат говорот „Имај доверба во Богот на секоја утеха“ и ќе продолжат со него сѐ додека не се добијат слајдови. Кога во сите собранија ќе се одржи овој говор со слајдови, покраинските надгледници ќе продолжат со одржување на говорот „Имај доверба во Богот на секоја утеха“ сѐ додека не дојде на ред следниот нов говор за покраинските надгледници што е испланиран за почетокот на 1996.
◼ На Состанокот за служба во седмицата од 9 јануари, на сите присутни крстени објавители ќе им бидат дадени лични примероци од Медицинско упатство до лекарите/Ослободување од одговорност и Легитимации за нивните деца.