ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/95 стр. 7
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 1995
Нашата служба за Царството 1995
km 2/95 стр. 7

Известувања

◼ Понуда на литература во февруари: Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Треба да се следи интересот преку повторни посети таму каде што била оставена оваа книга и да се прават напори за започнување на библиски студии. Март: Откровение — Близу е неговата величествена кулминација! Април и мај: Списанијата Стражарска кула и Разбудете се! На често обработувани подрачја може да се користи било која брошура (освен брошурата Училиште). НАПОМЕНА: Собранијата кои сѐ уште не ја нарачале гореспоменатата акциска литература, треба да го сторат тоа на својата следна месечна Нарачка (S(d)-14).

◼ Секретарот и надгледникот за служба треба да ја разгледаат активноста на сите општи пионери. Ако некој има потешкотии да ја исполни квотата на часови, старешините треба да се погрижат да добие помош. За предлози, повторно да се разгледаат писмата од Заедницата (S-201) од 1 октомври 1993 и 1 октомври 1992. Исто така, види ги пасусите 12-20 во додатокот на Наша служба за Царството од септември 1986.

◼ Прославата на Споменот ќе се одржи во петок, 14 април 1995. Иако говорот може да започне порано, молиме, запомнете дека пронесувањето на лебот и на виното за Споменот не треба да почне пред зајдисонце. Проверете кај месните извори кога заоѓа Сонцето во вашиот крај. Тој ден не треба да се одржуваат никакви други состаноци освен состаноци за служба на подрачјето. Ако вашето собрание обично има состанок во петок, можеби ќе сакате да го префрлите во друг ден од таа седмица ако Салата на Царството е слободна.

◼ На крајот од собраниските состаноци, како и на крајот од покраинските состаноци и денот на посебен состанок што ќе се одржуваат на 23 април 1995, ќе биде дадено известување во врска со посебната акција што ќе се изврши преку широка дистрибуција на еден трактат од четири страници што содржи навремена порака. Објавителите ќе бидат охрабрени да им обрнат посебно внимание на искрените поединци кои сериозно размислуваат за замрсените проблеми со кои се соочуваат и бараат сигурно водство. Секој објавител, вклучувајќи ги и новите што ќе започнат со службата на подрачјето во март, април и мај, ќе сака потполно да учествува и да ја поддржи оваа посебна акција.

◼ Објавителите кои сакаат да служат како помошни пионери во март и април треба да направат планови уште сега и да ги предадат своите молби што порано. Ова ќе им помогне на старешините да ги направат неопходните подготовки за служба на подрачјето и да обезбедат доволно литература што ќе биде на располагање.

◼ Во сабота, на 13 мај 1995, Бетелот ќе биде затворен поради пролетно чистење. Затоа, нема подготовки за разгледување на Бетелот ниту, пак, собранијата ќе можат да подигнат литература тој ден.

◼ НОВО НА ЗАЛИХА:

Албански: Се грижи ли Бог навистина за нас? Бугарски: Како да се започнат и продолжат библиски дискусии? Македонски: Како да се започнат и продолжат библиски дискусии? Српски: Вистина која води до вечен живот; Животот сепак има смисла; Како да се поправи способноста Хрватски: Како да се пронајде патот до рајот?; Како да се поправи способноста

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели