Известувања
◼ Понуда на литература во декември: Спознание кое води до вечен живот. Ќе се направат посебни напори да се посетат сите на кои им била врачена книгата, со цел да се започнат домашни библиски студии. Собранијата кои ја немаат оваа публикација можат да ја користат книгата Живеј засекогаш. Јануари: Која било книга од 192 страници, објавена пред 1982 година, што собранието можеби ја има на залиха. Собранијата кои немаат на залиха вакви книги може да ја нудат книгата Вистински мир и сигурност — како можеш да ги пронајдеш? Февруари: Откровение — Близу е неговата величествена кулминација! Март: Спознание кое води до вечен живот. ЗАБЕЛЕШКА: Собранијата кои сѐ уште не ја нарачале гореспоменатата акциска литература, треба да го сторат тоа при својата следна месечна нарачка со формуларот Нарачка за литература (S[d]-14).
◼ Собранијата треба да почнат да нарачуваат повези на Стражарска кула и Разбудете се! за 1995, заедно со нивната нарачка за литература за декември. (Види во Попис на изданија на Watchtower, пасуси 6-8, 10.) Повезите ќе бидат достапни на: англиски, германски, грчки, италијански, јапонски, кинески, корејски, полски, португалски, романски, руски, француски, холандски, хрватски и шпански. Сѐ додека повезите не бидат достапни и не се испорачаат, на собраниските списоци за пратка на литература овие ќе се појавуваат како „Следи“. Повезите се изданија за посебни нарачки.
◼ Претседавачкиот надгледник или некој кој е назначен од него треба на 1 декември, или колку што е можно кратко после тоа, да ги прегледа собраниските сметки. Кога ова ќе биде готово, извести го собранието.
◼ Споменот за 1997 ќе се одржи во недела, на 23 март, по заоѓањето на сонцето. Ова известување за датумот на Споменот за 1997 е дадено однапред со цел браќата да можат да ги направат неопходните резервации или договори за расположливите сали, таму каде што повеќе собранија користат иста Сала на Царството и мора да најдат други објекти.
◼ Почнувајќи од 29 април 1996, книгата Спознание кое води до вечен живот ќе се разгледува на Собраниската студија на книга.
◼ Почнувајќи со изданието на Стражарска кула од 1 август 1995, симултано, месечно издание почна да излегува на пенџапски.
◼ Кон јазиците на кои е достапно Разбудете се! е додаден и албанскиот. Ова е тримесечно издание и почнува со бројот од јануари-март 1996. Примероци за дистрибуција може да се нарачаат преку собранието. Молиме, забележете дека не постојат подготовки за претплата на ова тримесечно списание.
◼ Работата на новиот CD-ROM е скоро при крај, што претставува Библиотека на Стражарска кула — издание за 1995. Тој ќе содржи една ревидирана програма и ќе вклучува публикации објавени во текот на 1995, 1994 и 1979-1970. Исто така, ќе има и верзии на германски, италијански и шпански. Нарачките за овој CD, на еден или повеќе јазици, треба да бидат доставени од собранието, не подоцна од 15 јануари 1996.
◼ Ново на залиха:
Полски: Јеховини сведоци — Објавители на Божјето Царство; руски: Да се слуша Големиот Учител; Радувај се на животот засекогаш на Земјата!