Известувања
◼ Понуда на литература за декември: Библијата — Реч Божја или човечка? Јануари: Која било книга од 192 страници издадена пред 1984, што собранието можеби ја има на залиха. Собранијата кои немаат залиха од вакви книги може да ја нудат книгата Да се преживее за живот на новата Земја. Февруари: Откровение — Близу е неговата величествена кулминација! Март: Тајната на семејната среќа.
◼ Собранијата треба да почнат да нарачуваат повези на Стражарска кула и Разбудете се! за 1996, со нивната декемвриска нарачка на литература. (Види во Попис на публикации на Стражарска кула, пасуси 6—8, 10.) Повезите ќе бидат достапни на англиски, германски, грчки, италијански, јапонски, кинески, корејски, полски, португалски, романски, руски, турски, француски, холандски, хрватски и шпански. Сѐ додека повезите не бидат достапни и не се испорачаат, на собраниските листи за пакување на литература ќе се појавуваат како „Следи“. Повезите се артикли со посебна нарачка.
◼ Претседавачкиот надгледник или некој кој е назначен од него, на 1 декември или колку што е можно кратко после тоа, треба да ги прегледа собраниските сметки. Кога ова ќе биде сторено, известете го собранието.
◼ Споменот во 1998 ќе биде в сабота на 11 април, по заоѓањето на Сонцето. Ова известување за датумот на Спомен свеченоста за 1998 е дадено однапред за да можат браќата да ги направат неопходните резервации или договори за расположливите сали, онаму каде што Салата на Царството ја користат неколку собранија и мораат да најдат други објекти.
◼ Поради важноста на оваа прилика, при одредување говорник за Споменот, старешинството треба да избере некој од поспособните говорници наместо едноставно да се менуваат или секоја година да го користат истиот брат.
◼ Нови аудиокасети на располагање:
Англиски: Пеење на песните на Царството (поединечни аудиокасети)
◼ Нови компакт дискови на располагање:
Англиски: Пеење на песните на Царството