Повторување во Теократската школа за проповедање
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за проповедање од 2 септември до 23 декември 1996. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референциите кои следат после секое прашање се наменети за лично истражување. После секоја референција за Стражарска кула, можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Одговори со точно или неточно на секоја од следниве изјави:
1. ‚Ѕверот‘ со седум глави и десет рогови што е опишан во Откровение 13:1 не е никој друг, туку Сатана Ѓаволот. [uw стр. 63, пас. 4]
2. Не постои вистински „голема риба“ која е способна да проголта цел човек (Јона 1:17, НС). [si стр. 153, пас. 4]
3. Библиското гледиште за сексот го развиле луѓе кои живееле пред многу години. [rs стр. 292, пас. 1]
4. Пророштвото од Даниил 9:24, 25 укажува на раѓањето на Исус. [kl стр. 36, пас. 8]
5. Еден совршен човек не би можел да направи нешто неисправно. [rs стр. 82, пас. 4]
6. Бидејќи Сатана може да се претвора во ангел на светлината, не треба да бидеме заведени кога некои од работите што се направени преку спиритизам изгледаат како да се од привремена корист. [rs стр. 374, пас. 3]
7. Пророштвото на Осија првенствено му било упатено на двоплеменскто царство Јуда. [si стр. 144, пас. 8]
8. Оние кои го сакаат Јеховиното пријателство и заштита мораат да прекинат со секакво учество на спиритистички состаноци и да го следат примерот што е изнесен во Дела 19:19. [rs стр. 377, пас. 2]
9. Според Софонија 3:9 (НС), Божјиот народ ќе биде обединет во новиот свет бидејќи тие ќе зборуваат еден заеднички јазик — хебрејскиот. [Седмично читање на Библијата; види w 1.11.90, стр. 8.]
10. Во исполнение на Даниил 12:1 (НС), Михаел ‚стоел‘ од 1914 кога станал цар на Божјето небесно Царство; наскоро тој ќе ‚застане‘ во Јеховиното име како непобедлив Цар-воин, донесувајќи уништување на овој злобен систем. [Седмично читање на Библијата; види w 1.11.93, стр. 23, пас. 23.]
Одговори на следниве прашања:
11. Кои се „пожелните работи од сите нации“ на кои се укажува во Агеј 2:7 (НС), и на кој начин тие ‚доаѓаат‘? [Седмично читање на Библијата; види w 1.11.90, стр. 9, пас. 4.]
12. Која библиска изјава на тројцата Евреи открива дека нивната послушност кон Бог не зависела од божествената заштита и избавување? (Дан. 3:16—18). [si стр. 141, пас. 19]
13. Кој стих го прорекува местото на раѓање на Месијата? [si стр. 156, пас. 6]
14. Зошто моќните дела извршени во името на Исус не би биле сигурен доказ за Божја наклоност или поддршка? [kl стр. 46, пас. 6, 7]
15. На кој начин 1. Коринтјаните 15:45 го поддржува она што Хебрејските списи го велат за душата? [rs стр. 106, пас. 3]
16. На што мислел Исус кога извикал кон својот Татко: „во Твои раце Го предавам Својот дух“? (Лука 23:46). [rs стр. 101, пас. 4]
17. Кој израз го употребува Псалм 145:4 за да покаже дека животната сила на една личност престанува да биде активна при смртта? [rs стр. 373, пас. 2]
18. Кој ја измислил идејата дека луѓето, всушност, не умираат, и каде во Библијата е запишана првобитната лага која има врска со оваа лажна наука? [rs стр. 373, пас. 5]
19. Според Агеј 2:9 (НС), кој храм бил ‚подоцнежен дом‘, кој бил „поранешниот“, и зошто славата на ‚подоцнежниот дом‘ била поголема од славата на „поранешниот“? [Седмично читање на Библијата; види w 1.11.90, стр. 8.]
20. На што биле поттикнати Израелците според Осија 14:2, 3, и на кој начин Јеховините сведоци го исполнуваат тоа пророштво денес? (Евр. 13:15). [Седмичо читање на Библијата; види w 15.9.94, стр. 10, пас. 1, 2.]
Впиши го зборот или фразата што е потребна за да се доврши секој од следниве искази:
21. Пророкот ․․․․․․․․ го нарекол градот ․․․․․․․․ град на крвопролевање околу 200 години откако ․․․․․․․․ ја завршил таму својата задача што му ја дал Бог. [si стр. 154, пас. 10 стр. 160, пас. 10]
22. Треба да го обожаваме Бог со ․․․․․․․․, мотивирани од срца полни со вера и љубов; исто така, мора да го обожаваме со ․․․․․․․․, проучувајќи ја неговата Реч. [kl стр. 45, пас. 4]
23. За да бидеме духовно заштитени, не смееме да занемариме да го облечеме кој и да било дел од комплетната воена опрема од Бог, која се состои од ․․․․․․․․, „градниот оклоп на ․․․․․․․․, „опремата на ․․․․․․․․ на мирот“, „големиот штит на ․․․․․․․․, „шлемот на ․․․․․․․․“ и „․․․․․․․․ на духот“. [uw стр. 68, пас. 14]
24. Оние кои се придржуваат на традиционалните религии, како во христијанскиот свет така и надвор од него, мислат дека имаат ․․․․․․․․ душа, што би направило ․․․․․․․․ да биде непотребно. [uw стр. 71, пас. 3]
25. Трите вида докази кои докажуваат дека Исус бил Месија се 1) ․․․․․․․․, 2) ․․․․․․․․ и 3) ․․․․․․․․. [kl стр. 34—38, пас. 6—10]
Избери го точниот одговор во секој од следниве искази:
26. Разбирањето на Амос (8:11; 9:2, 3; 9:11, 12) му помогнало на водечкото тело од првиот век да сфати дека Божјата волја било не-Израелци да се собираат во христијанското собрание (Дела 15:13—19). [si стр. 150, пас. 16]
27. Кога (Амос; Јоил; Авакум) бил повикан од Јехова, тој не бил пророк ниту син на пророк, туку бил одгледувач на овци и поткаструвач на (урми; смокви; маслинки) од сикаморови дрвја. [si стр. 148, пас. 1]
28. Исправната идентификација на светиот дух мора да се совпаѓа со (религиозните концепти; традициите на христијанскиот свет; сите делови од Писмото) кои се однесуваат на тој дух, а ова води до логичниот заклучок дека светиот дух е (личност; дел од тројството; Божјата активна сила). [rs стр. 99, пас. 1]
29. Јоил 2:32 го цитирал (Петар; Јован; Павле) во (Дела 2:40; Римјаните 10:13; 1. Тимотеј 2:4), каде што тој нагласува дека е важно да се привикува името на Јехова. [Седмично читање на Библијата; види w 1.4.96, стр. 20, пас. 16.]
30. Даваме доказ дека го имаме Божјиот дух со (изливи на религиозен жар; тресење и тркалање по подот; ревно сведочење) и со покажување на (петте; седумте; деветте) плодови на духот. [rs стр. 100, пас. 1, 2]
Поврзи ги следниве библиски стихови со долунаведените изјави: 5. Мој. 18:10—12; Оси. 10:12; Соф. 2:3; Јак. 1:26, 27; 1. Јов. 2:15—17
31. За да му биде нашето обожавање прифатливо на Бог, тоа не само што не треба да биде загадено со световни постапки туку исто така треба да ги вклучува и сите работи кои тој ги смета за животоважни. [kl стр. 51, пас. 20]
32. Правејќи го она што е исправно во нашиот секојдневен живот, ќе ја пожнееме Јеховината срдечна доброта. [Седмично читање на Библијата; види w 15.3.96, стр. 23, пас. 2, 3.]
33. Сите облици на гатање се повик за комуникација со нечистите духови или за опседнатост со нив, а вклучувањето во таквите работи би било сериозна неверност кон Јехова. [rs стр. 375, пас. 4]
34. Како вистински христијани, мора да избегнуваме секакви практики кои го одразуваат духот на безбожниот свет околу нас. [kl стр. 50, пас. 17]
35. Не можеме премногу да си дозволиме поради Божјата милост. [si стр. 165, пас. 11]