Рубрика прашања
◼ Какви мерки на претпазливост се потребни кога сме во друштво со некој од спротивниот пол во врска со нашата служба?
Ние имаме причина да очекуваме нашите браќа и сестри да имаат намера да се придржуваат кон највисокото морално мерило во нивното лично однесување. Меѓутоа, живееме во еден нечист и попустлив свет кој има малку морални ограничувања. Иако можеби имаме најдобри намери, мораме постојано да бидеме претпазливи за да избегнеме да предизвикаме срам или да бидеме вовлечени во нешто неисправно. Ова вклучува да бидеме внимателни додека учествуваме во службата.
Во службата на теренот честопати наидуваме на луѓе од спротивниот пол, кои покажуваат нешто што наликува на искрен интерес за вистината. Ако сме сами кога ја вршиме посетата и нема никој друг дома, обично би било најдобро да дадеме сведоштво на врата наместо да влегуваме внатре. Ако постои интерес, можеме да направиме подготовки да навратиме кога ќе бидеме придружувани од друг објавител или кога ќе бидат присутни и другите од домаќинството. Ако тоа не е можно, би било мудро да ја предадеме посетата на некој објавител кој е од истиот пол како станарот. Ова се применува и на водењето библиски студии со некој од спротивниот пол (Мат. 10:16).
Треба да бидеме внимателни кога избираме со кого да работиме во службата. Иако објавители од спротивен пол понекогаш може да работат заедно, најдобро е тоа да се прави кога се во група. Обично, дури и да сме во служба, не е мудро да поминуваме време сами со некој од спротивниот пол кој не е наш брачен партнер. Според тоа, братот кој е одговорен за групата за служба треба добро да просуди кога доделува објавители — вклучувајќи и тинејџери — да работат заедно.
Ако секогаш користиме добро просудување, ќе избегнеме да ‚даваме причина за сопнување‘ — како за себе така и за другите (2. Кор. 6:3, НС).