Колку е добро секогаш да бидеме присутни!
1 На многу од нашите драги браќа во Источна Европа со децении им беше забрането да се состануваат јавно. Замислете си ја нивната радост кога забраните беа укинати и кога можеа слободно да се состануваат!
2 Во врска со својата посета на едно такво собрание, еден покраински надгледник напишал: „Средата навечер, веднаш на почетокот на мојата посета, се расипа системот за греење. Надвор температурата беше околу точката на замрзнување, а внатре беше само околу 5 Целзиусови степени. Браќата седеа облечени во капути, шалови, нараквици, шапки и чизми. Никој не можеше да следи во Библијата, бидејќи беше невозможно да се листаат страниците. Стоејќи на подиумот во костум, јас бев вкочанет од студ, и секогаш кога зборував можев да си го видам здивот. Но, она што ме импресионира беше тоа што не чув ниту еден збор на приговор. Сите браќа велеа колку само било пријатно и добро што биле присутни!“ Тие браќа не ни помислуваа да го пропуштат тој состанок!
3 Дали и ние се чувствуваме така? Дали ја цениме можноста слободно да се собираме на нашите седмични состаноци? Или, пак, кога имаме поволни околности состаноците ги земаме здраво за готово? Можеби не е лесно редовно да се присуствува на состаноците и можеби има прилики кога имаме оправдана причина да не присуствуваме. Но, никогаш не заборавај дека меѓу нас има и такви кои, и покрај поодминатата возраст, сериозните здравствени проблеми, физичкиот хендикеп, напорните работни распореди и други сериозни одговорности, ја увидуваат важноста на состаноците и речиси секогаш се присутни. Колку само добри примери за имитирање се тие! (Спореди Лука 2:37.)
4 Нека ни биде навика да го поддржуваме вистинското обожавање со присуство на сите христијански состаноци, од една мала група за студија на книга до еден голем конгрес. Зошто треба да го сфатиме толку сериозно присуствувањето на овие собири? Затоа што е божествена наредба да се собираме заедно. Но, има и други важни причини. На сите нас ни се потребни користите од божествената поука и помошта од светиот дух кои ги добиваме на состаноците (Мат. 18:20). Ние сме изградени со размена на охрабрување кога се дружиме со нашите браќа (Евр. 10:24, 25).
5 При преображението, Петар рекол: „Наставниче, добро ни е овде“ (Лука 9:33). Би требало да го мислиме истото за сите наши христијански состаноци. Навистина, колку само е добро секогаш да бидеме присутни!