Повторување во Теократската школа за служба
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за служба од 4 мај до 24 август 1998. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референците кои следат после секое прашање се наменети за лично истражување. После секоја референца за Стражарска кула, можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Одговори со точно или неточно на секоја од следниве изјави:
1. Според библискиот извештај, Павле го посетил Коринт три пати [si стр. 214, пас. 3].
2. Чекорите кон христијанско крштавање почнуваат кога во нашето срце ќе го примиме точното спознание за Јехова Бог и Исус Христос [kl стр. 173, пас. 7].
3. Претераната ревност да се унапредуваат интересите на Царството не го оправдува недостигот на тактичност, способност за соживување и чувствителност во нашите односи со другите (1. Кор. 13:2, 3). [Седмично читање на Библијата; види w 15.10.95 стр. 31, пас. 5.]
4. Можеме да заслужиме живот ако му служиме на Јехова Бог [kl стр. 182, пас. 4].
5. Текстот во Галатјаните 5:26 исклучува секакви натпреварувачки спортови и игри за вистинските христијани. [Седмично читање на Библијата; види g 8.3.96 стр. 27, пас. 9.]
6. Кога во 2. Коринтјаните 10:4 Павле изјавил дека „оружјето на нашето војување не е телесно“, тој нагласувал дека христијаните не треба да прибегнуваат кон телесно оружје, како што е измама, високозвучен говор или световно оружје за да го заштитат собранието од лажните науки. [Седмично читање на Библијата; види rs стр. 246, пас. 1.]
7. Павле го напишал Писмото до филипјаните само неколку месеци откако го оформил собранието во Филипи и тоа било потстрекнато од сериозните проблеми кои се појавиле меѓу нив [si стр. 224, пас. 3].
8. Исус бил ‚оправдан во дух‘, како што е спомнато во 1. Тимотеј 3:16, со тоа што бил награден со духовен живот при неговото воскресение; ова резултирало во Божјата изјава дека Исус е потполно праведен и го смета за достоен да му даде други возвишени задачи. [Седмично читање на Библијата; види w 1.6.90 стр. 25, пас. 12.]
9. ‚Ослободувањето‘ што е спомнато во Филипјаните 1:23 (NW), очигледно е изгледот на Павле да биде со Христос веднаш после смртта. [Седмично читање на Библијата; види w 1.3.95 стр. 30, пас. 4.]
10. Павле го напишал 1. Тимотеј во периодот помеѓу неговото ослободување од првото затворање во Рим и неговото последно затворање таму [si стр. 234, пас. 2].
Одговори на следниве прашања:
11. На кој начин некои во Коринт „недостојно“ земале од симболите кога се собирале да го прославуваат Меморијалот на Христовата смрт? (1. Кор. 11:27). [Седмично читање на Библијата; види w 1.3.90 стр. 19, пас. 17.]
12. Чија присутност претставувала закана за благосостојбата на коринтското собрание, поттикнувајќи го Павле да го напише своето второ писмо до Коринт? [si стр. 214, пас. 2].
13. Како Јехова ќе надомести сѐ што можеби жртвуваме заради неговото обожавање? [kl стр. 169, пас. 20].
14. Кој важен аспект од „светата тајна“ (NW) е јасно покажан во Павловото писмо до ефесјаните? (Ефеш. 3:4—6) [si стр. 223, пас. 18].
15. На кој начин Павле, кога ја користел Божјата Реч, дава еден прекрасен пример за христијанските слуги денес? [si стр. 217, пас. 19].
16. Што мислел апостол Павле кога рекол дека Законот „беше додаден за да ги направи видливи престапите“? (Гал. 3:19, NW). [Седмично читање на Библијата; види uw стр. 147, пас. 3, 4.]
17. Од која причина Павле ги пофалува браќата во Филипјаните 1:3—7, и како можеме ние да извлечеме корист од нивниот пример? [si стр. 225, пас. 12].
18. Зошто сите христијански министри треба да го следат советот изнесен во Колосјаните 4:6? [si стр. 228, пас. 13].
19. Што мислел апостол Павле кога рекол дека сака жените „да се украсуваат . . . со скромност“? (1. Тим. 2:9, NW). [Седмично читање на Библијата; види g-SB 8.10.90 стр. 19, пас. 2.]
20. Зошто христијаните треба да внимаваат на Павловото предупредување во 1. Тимотеј 6:4 (NW) во врска со „препирки околу зборови“? [si стр. 236, пас. 15].
Впиши го зборот или фразата што е потребна за да се доврши секоја од следниве изјави:
21. Втора Коринтјаните била напишана во ․․․․․․․․ и очигледно ја врачил ․․․․․․․․ [si стр. 214, пас. 2].
22. Павловото Прво писмо до Коринтјаните е многу корисно за зголемувањето на нашето разбирање на ․․․․․․․․ од кои се наведени многу цитати [si стр. 213, пас. 23].
23. Во своето Писмо до Галатјаните, Павле докажува дека оправдувањето е преку ․․․․․․․․ во Христос Исус, а не преку делата на ․․․․․․․․ и дека затоа ․․․․․․․․ не е потребно за христијаните [si стр. 218, пас. 6].
24. Во своето Прво писмо до Солунјаните, Павле четири пати ја спомнува ․․․․․․․․ на Исус Христос, очигледно поради интересот на собранието за оваа наука [si стр. 231, пас. 15].
25. Второто писмо до Солунјаните го напишал ․․․․․․․․ додека бил во ․․․․․․․․ во ․․․․․․․․ година н. е. [si стр. 232, пас. 4].
Избери го точниот одговор во секоја од следниве изјави:
26. Во дискусијата за своето право да живее од службата, Павле укажува на (Талмудот; Мишната; Мојсеевиот закон), кој вели дека на животните кои работат не смее да им се става наралник и дека (Левитите; Нетинејците; свештеничкото семејство на Арон) во храмската служба го примале својот дел од жртвеникот [si стр. 213, пас. 24].
27. Павловото Писмо до Галатјаните дава толкување на Исаија 54:1—6, идентификувајќи ја Јеховината жена како (земниот Ерусалим; горниот Ерусалим; новиот Ерусалим) (Гал. 4:21—26) [si стр. 220, пас. 16].
28. Во Ефесјаните 1:10, „уредувањето“ се однесува на (Месијанското Царство; Водечкото тело; Божјиот начин на управување со работите на неговото домаќинство) [si стр. 221, пас. 8].
29. (Групата на Јудејците; класата на свештенството на христијанскиот свет; Големиот Вавилон) може да се идентификува со „човекот на беззаконието“ споменат во 2. Солунјаните 2:3. [Седмично читање на Библијата; види w 1.6.90 стр. 31, пас. 11.]
30. Ако имаш сериозни приговори за некого во текот на додворувањето, ќе биде мудро да (допуштиш твоите романтични чувства да ги надвладеат твоите сомневања; да ја прекинеш врската; да ги затвориш очите пред сериозните недостатоци надевајќи се дека работите ќе се подобрат после бракот) [fy стр. 23, пас. 19].
Поврзи ги следниве библиски стихови со долунаведените изјави:
1. Кор. 10:11, 12; 2. Кор. 4:7; 2. Кор. 8:14; Фил. 4:6, 7; 2. Сол. 1:8, 9, 12.
31. Кога едно лице ќе ја стави христијанската служба на прво место во својот живот, тоа ја доживува силата добиена од Бог. [Седмично читање на Библијата; види w-E 1.3.90 стр. 29, пас. 5.]
32. Треба да внимаваме на предупредувачкиот пример на Израелците под Мојсеј и да избегнуваме самоувереност [si стр. 213, пас. 23].
33. Дарежливите подароци од богатите христијани можат да помогнат да се урамнотежат потребите на оние кои живеат во посиромашни места, а ревноста и истрајноста на загрозените може да биде извор на радост и охрабрување за дарителите. [Седмично читање на Библијата; види w 15.12.93 стр. 21, пас. 20.]
34. Не смееме да попуштиме во проповедањето на добрата вест бидејќи, според Библијата, сите луѓе кои живеат денес и кои ќе продолжат да живеат до крајот на овој злобен систем и кои се просудени како непријатели на вистинското обожавање, ќе претрпат вечно уништување. [Седмично читање на Библијата; види w 1.9.89 стр. 8, пас. 4.]
35. Јехова дава спокојство и смиреност во најтешките околности. [Седмично читање на Библијата; види w 1.6.89 стр. 10, пас. 19, 20.]