Повторување во Теократската школа за служба
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за служба од 7 септември до 21 декември 1998. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референците кои следат после секое прашање се наменети за лично истражување. После секоја референца за Стражарска кула, можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Одговори со точно или неточно на секоја од следниве изјави:
1. Во 2. Тимотеј 1:6, ‚дарот‘ кој му бил даден на Тимотеј преку дејствувањето на Божјиот свет дух се однесува на способноста да се зборуваат различни јазици. [Седмично читање на Библијата; види w 1.9.85 стр. 14, пас. 15.]
2. Зрелиот христијанин ‚ја вежба својата моќ за согледување, да распознава исправно од погрешно‘ на тој начин што си создава навика да го користи спознанието што го добил од Божјата Реч (Евр. 5:14, NW). [Седмично читање на Библијата; види w 1.10.85 стр. 21, пас. 7.]
3. Фактот што Јехова „го остава Своето сонце да грее над лошите и над добрите, и праќа дожд на праведните и на грешните“, покажува дека во сите свои постапки со човечкото семејство Јехова доследно покажувал непристрасност (Мат. 5:45) [w 15.11.96 стр. 25, пас. 7].
4. Библискиот писател Јаков е истата личност како Јаков кој бил говорник на „апостолите и постарите мажи“ кога се донесувала одлука за обрезувањето (Дела 15:6, 13, NW; Јаков 1:1) [si стр. 248, пас. 2, 3].
5. Иако 1. Петрово 5:13 наведува дека Петар бил во Вавилон кога го напишал своето прво писмо, сепак доказот укажува дека името Вавилон било тајно осврнување на Рим [si стр. 252, пас. 4].
6. Изразот „ќе дојде антихрист“ во 1. Јованово 2:18 се однесува на еден поединец. [Седмично читање на Библијата; види rs стр. 30, пас. 1.]
7. Заповедта во 2. Јованово 10, да не се примаат во домот и да не се поздравуваат извесни личности, се однесува само на оние кои унапредуваат лажни науки. [Седмично читање на Библијата; види w-E 15.7.85 стр. 30, пас. 1—3.]
8. Книгата Откровение е ставена како последна книга во Библијата затоа што таа е последната книга што ја напишал апостол Јован [si стр. 263, пас. 1].
9. Откровение 13:11—15 точно прикажува како Англо-американската светска сила станала главен покровител и давател на живот како на Лигата на народите така и на нејзиниот наследник, Обединетите нации. [Седмично читање на Библијата, w 1.1.89 стр. 24, пас. 3.]
10. Бидејќи Библијата дозволува пиење алкохолни пијалаци, би било сосема исправно да се допушти локалните обичаи и традиции да диктираат колку да се конзумира (Псал. 103:15) [w 15.12.96 стр. 27, пас. 5].
Одговори на следниве прашања:
11. Што значи тоа надгледникот да не смее да биде „тепач“? (Тит 1:7). [Седмично читање на Библијата; види br-1 стр. 23, пас. 21.]
12. Наведи две причини зошто за Јехова давањето е дел од вистинското обожавање [w 1.11.96 стр. 29, пас. 3—6; стр. 30, пас. 3].
13. Што мислел Исус кога рекол: „Жртви и дарови Ти не посака“? (Евр. 10:5). [Седмично читање на Библијата; види w 1.7.96 стр. 14, пас. 3.]
14. Како можат христијаните ‚да го победат светот‘? (1. Јованово 5:3, 4) [si стр. 258, пас. 12].
15. Што се подразбира со Петровиот израз ‚цврсто да се задржи на ум Јеховиниот ден‘? (2. Петр. 3:12, NW). [Седмично читање на Библијата; види w 1.9.97 стр. 19, пас. 2.]
16. Што вклучува чистотата на духот и како таа помага да се заштити семејството? (2. Кор. 7:1) [fy стр. 46, пас. 14].
17. Во склад со Откровение 1:7, како оние кои го проболе Исус ќе го видат како „иде со облаците“? [Седмично читање на Библијата; види w 1.5.93 стр. 22, пас. 7.]
18. Иако Исус Христос поминал три и пол години проповедајќи меѓу Израелците, зошто повеќето го отфрлиле како Месија? [w 15.11.96 стр. 29, пас. 1, 6; стр. 30, пас. 3].
19. Зошто е соодветно тоа што во Откровение 13:1, 2 светската влада е претставена како „ѕвер“? [Седмично читање на Библијата; види w 1.4.89 стр. 20, пас. 17.]
20. Кои се тие што се претставени со „дваесет и четири старешини“ во Откровение 4:4 (NW), и на што нѐ потсетуваат нивните „круни“ и „престоли“? [Седмично читање на Библијата; види w 1.7.95 стр. 13, пас. 17.]
Впиши го зборот или фразата што е потребна за да се доврши секоја од следниве изјави:
21. Сопругот и сопругата треба да ․․․․․․․․ еден кон друг, имајќи на ум дека ․․․․․․․․ е поважна од надворешниот изглед [fy стр. 26, рамка за повторување].
22. Павловото писмо до Евреите покажува дека различните обележја на ․․․․․․․․ претставувале образец кој го поставил Бог укажувајќи на поголемите работи кои ќе дојдат, а кои достигнале кулминација во ․․․․․․․․, која е исполнувањето на Законот [si стр. 247, пас. 23].
23. Во 2. Петрово 1:5—8, апостол Петар препорачува ․․․․․․․․ за да се изградат божествени особини кои ќе нѐ спречат да бидеме ․․․․․․․․ или ․․․․․․․․ [si стр. 256, пас. 9].
24. Кога сопругите и сопрузите комуницираат, ․․․․․․․․ и ․․․․․․․․ се многу важни [fy стр. 36, пас. 21].
25. Очигледно во ․․․․․․․․ пред Христос Евреите почнале да го прифаќаат од Грците учењето за ․․․․․․․․ [w 1.8.96 стр. 6, пас. 2, 3].
Избери го точниот одговор во секоја од следниве изјави:
26. Во текот на Павловото прво затворање во Рим, (Онисифор; Онисим; Онан), избеган роб од домаќинството на (Филип; Фест; Филимон), бил меѓу оние кои го слушале неговото проповедање [si стр. 242, пас. 2].
27. (Љубовта; Почитувањето; Гостопримството) се дефинира како „покажување обѕирност кон другите, оддавање чест“ [fy стр. 30, пас. 7].
28. Во Лука 14:28 Исус зборува за (планирање однапред; штедење пари; избегнување да се позајмуваат парични средства) [fy стр. 40, пас. 4].
29. „Господството“ што се спомнува во Јуда 8 (NW) се однесува на (Исусовата положба; Јеховиниот суверенитет; авторитетот во христијанското собрание кој го дал Бог) [si стр. 263, пас. 9].
30. Во Откровение 11:11, „трите дена и половина“ кога помазаниот остаток се појавил како мртви лешеви во очите на нивните непријатели, се однесуваат на (три и пол години; краток временски период; три и пол месеци). [Седмично читање на Библијата; види re стр. 167, пас. 21.]
Поврзи ги следниве библиски стихови со долунаведените изјави:
Изр. 8:30; Мат. 19:13—15; Евр. 2:1 (NW); Јак. 4:15; 1. Петр. 3:4 (NW)
31. За да го спречиме влијанието на постојаната пропаганда на која сме изложени од овој свет, треба ‚да обрнеме повеќе од вообичаеното внимание‘ на Божјата Реч преку добри навики за проучување и добар распоред за читање на Библијата. [Седмично читање на Библијата; види w 1.1.98 стр. 7, пас. 9.]
32. Секогаш кога правиме планови за иднината, треба молитвено да разгледаме како тие се вклопуваат во Божјата намера. [Седмично читање на Библијата; види w 15.11.97 стр. 21, пас. 10, 11.]
33. „Тивкиот и благ дух“ на христијанската сопруга и мајка не само што му е угоден на нејзиниот сопруг туку, што е уште поважно, му е угоден и на Бог. [Седмично читање на Библијата; види w 1.9.89 стр. 29, пас. 12.]
34. Следејќи го Јеховиниот пример, добриот татко треба да настојува уште од почетокот на животот на своето дете да негува кон него еден срдечен однос кој е полн со љубов [fy стр. 54, пас. 7].
35. Бидејќи Исус не бил пристрасен кога ги благословувал малите деца, никој не треба да смета дека машките деца вредат повеќе од женските [fy стр. 52, пас. 4].