Нашиот Голем Творец се грижи за нас!
1 Во своите настојувања да расудува со непослушниот Израел, Јехова прашал: „Зар не знаеш? Зар не си слушал дека вечниот Господ Бог, Кој ги создал краиштата на земјата, не се изморува и не изнемоштува“ (Иса. 40:28). Ние го познаваме нашиот Голем Творец и ја гледаме неговата грижа полна со љубов кон нас. Меѓутоа, милиони луѓе се сомневаат во неговото постоење или, пак, нивниот концепт за него не одговара на она што се наоѓа во Библијата. Како можеме да им помогнеме?
2 Новата книга Постои ли Творец кој се грижи за нас? е наменета за да им помогне на таквите луѓе. Таа ги поттикнува луѓето кои размислуваат да резонираат за фактите. Интересниот материјал и убедливите аргументи во оваа книга треба да ги пленат оние што ја читаат.
3 Запознај се со книгата Творец: Имај го во мислите основниот преглед на нејзината содржина. Поглавјата 2 до 5 разгледуваат како настанал универзумот, животот и човекот и што стои зад сето тоа. Поглавјата 6 до 9 ја истражуваат Библијата и нејзиниот Автор, а посебно дали извештајот за создавањето од 1. Мојсеева е веродостоен. Поглавјето 10 дава задоволителен одговор на едно од најзбунувачките прашања што ги поставува човекот: „Ако Творецот се грижи, зошто постои толкаво страдање?“
4 Обиди се да расудуваш со оние кои се сомневаат: На страници 78 и 79 од книгата Творец е изнесен еден редослед на расудување кој можеш да го користиш за да им помогнеш на другите да дојдат до исправен заклучок во врска со Бог. Прашај ги: „Дали универзумот имал почеток?“ Повеќето ќе се согласат дека имал. Ако е така, прашај: „Дали тој почеток бил без никаква причина или, пак, бил предизвикан?“ Повеќето признаваат дека бил предизвикан. Ова води до крајното прашање: „Дали почетокот на универзумот бил предизвикан од нешто вечно или од некој вечен?“ Овој пристап може многумина да ги наведе на тоа да увидат дека мора да постои Творец.
5 Книгата Творец е токму она што им е потребно на многу луѓе. Сподели ја со своите роднини, колеги, соученици и други познаници. Носи ја со себе во службата за да ја врачиш кога ќе сретнеш некои кои се сомневаат во постоењето на Бог. Колку повеќе ќе се запознаеме со оваа книга, толку посилна ќе стане нашата љубов кон Творецот, поттикнувајќи нѐ да продолжиме да одиме во склад со неговите возвишени мерила (Ефеш. 5:1; Откр. 4:11).