ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/99 стр. 3
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 1999
Нашата служба за Царството 1999
km 2/99 стр. 3

Известувања

◼ Понуда на литература за февруари: Тајната на семејната среќа. Март: Спознание кое води до вечен живот. Ќе се вложуваат посебни напори за да се започнат домашни библиски студии. Април и мај: Поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Имај ја брошурата Бара при рака за заинтересираните и настојувај да започнуваш домашни библиски студии.

◼ Почнувајќи со седмицата од 22 март 1999, на Собраниската студија на книга ќе се разгледува книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел. Ова издание на Наша служба за Царството го содржи целиот распоред за проучување. Можеш да го фотокопираш и да го ставиш во својот личен примерок на книгата за да ти биде при рака кога ќе ти треба. Упатствата за тоа како да се разгледува уводот на книгата се објаснети во 5. пасус од „Студирање на Најголемиот човек кој некогаш живеел“ на страница 1 од Наша служба за Царството од септември 1992.

◼ Секретарот и надгледникот за служба треба да ја разгледаат активноста на сите општи пионери. Ако некои од нив имаат тешкотија да го исполнат барањето на часови, старешините треба да договорат да им се даде помош. За предлози, разгледај ги писмата од Заедницата (S-201) од 1 октомври. Исто така, види ги пасусите 12—20 од додатокот на Наша служба за Царството од август 1986.

◼ Групите објавители кои направиле подготовки да учествуваат во обработувањето на недоделено подрачје во претстојните месеци, треба да планираат во нивната служба на теренот да ја нудат брошурата Бара или книгата Спознание.

◼ Почнувајќи со изданието од јануари—март 1999, Разбудете се! ќе се издава на Соломоновите острови Пиџин како тримесечно издание.

◼ Почнувајќи со изданието од 1 јануари 1999, Стражарска кула ќе стои на располагање на умбунду како месечно издание.

◼ Почнувајќи со изданието од 8 јануари 1999, Разбудете се! ќе стои на располагање на летонски како полумесечно издание.

◼ Почнувајќи со изданието од 15 јануари 1999, Стражарска кула ќе стои на располагање на урду како полумесечно издание.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели