Известувања
◼ Понуда на литература за јуни: Спознание кое води до вечен живот. Јули и август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Владата која ќе воспостави Рај, Кога ќе умре некој што го сакаш, Која е смислата на животот? Како да се пронајде?, Радувај се засекогаш на животот на Земјата!, Се грижи ли Бог навистина за нас?, Треба ли да веруваш во тројство? и Што ни се случува кога ќе умреме? Онаму каде што е пригодно можат да се нудат брошурите Духовите на мртвите — Дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат?, Книга за сите луѓе и Ќе постои ли некогаш свет без војни? Септември: Спознание кое води до вечен живот.
◼ Претседавачкиот надгледник или некој кој е назначен од него треба да ги прегледа собраниските сметки на 1 јуни или колку што е можно набрзо после тоа. Дај известување во собранието кога тоа ќе биде направено.
◼ Почнувајќи со изданието од 1 јуни 1999, Стражарска кула ќе стои на располагање на јазикот тив како месечно издание.