Известувања
◼ Понуда на литература за август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Владата која ќе воспостави Рај, Дали треба да се верува во тројство?, Кога ќе умре некој што го сакаш, Која е смислата на животот? Како да се пронајде?, Радувај се засекогаш на животот на Земјата!, Се грижи ли Бог навистина за нас? и Што ни се случува кога ќе умреме? Онаму каде што е пригодно можат да се нудат брошурите Духовите на мртвите — Дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат?, Книга за сите луѓе и Ќе постои ли некогаш свет без војни? Септември: Спознание кое води до вечен живот. Октомври: Поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Ноември: Што бара Бог од нас? или Спознание кое води до вечен живот.
◼ Во секое место, во различни периоди во текот на годината има световни празници на кои децата не одат на училиште а вработените добиваат слободни денови. Тоа се одлични прилики за собранието да има зголемено учество во службата на теренот. Старешините треба однапред да планираат за овие прилики и да го известат собранието доволно однапред за подготовките што се направени за групно сведочење во празничните периоди.
◼ На секое собрание му е испратена соодветна резерва формулари за употреба во текот на 2000 службена година. Ве молиме, внимателно користете ги овие формулари. Тие треба да се користат само за одредената намена.