Известувања
◼ Понуда на литература за април и мај: Поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Имај ја брошурата Бара при рака за заинтересираните и настојувај да започнеш домашни библиски студии. Јуни: Што бара Бог од нас? Сконцентрирај се на започнување домашни библиски студии. Јули и август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Владата која ќе воспостави Рај, Кога ќе умре некој што го сакаш, Која е смислата на животот? Како да се пронајде?, Радувај се засекогаш на животот на Земјата!, Се грижи ли Бог навистина за нас?, Дали треба да веруваш во тројство? и Што ни се случува кога ќе умреме? Онаму каде што е пригодно можат да се нудат брошурите Духовите на мртвите — Дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат?, Книга за сите луѓе и Ќе постои ли некогаш свет без војни?
◼ Почнувајќи од април, конгресните значки за 2000 на македонски јазик автоматски ќе бидат вклучени во пратките на литература. Нема да биде потребно да се нарачуваат. Ако во собранието се потребни уште конгресни значки, треба да се нарачаат со Формуларот за нарачка на литература (S-14). Потребно е да се нарачаат пластични фолии за значките за секој што сака од собранието.
◼ Заедницата има резерва од АНГЛИСКИ повези на Стражарска кула од 1951 до 1955, 1987, 1995 и 1996 година, и Разбудете се! од 1987 и 1989. Сите објавители или нови собранија што сакаат од овие публикации, можат да ги нарачаат сега преку собранискиот слуга за литература.
◼ Како што беше дадено известување во Наша служба за Царството од март 2000, сега се подготвува Watchtower Library—1999 Edition на CD-ROM на девет јазици. Ве молиме имајте на ум дека тоа не е производ за јавна дистрибуција, за училишни библиотеки или за оние кои само покажуваат интерес за Јеховините сведоци. Watchtower Library—1999 е подготовка за членовите на собранието и може да се добие само преку собранието. Сѐ додека овие компакт дискови не бидат достапни и додека не се изврши испораката, на собраниските листи за пакување ќе стои „Во тек“.
◼ Нови публикации на располагање:
Живот во мирољубив нов свет (трактат бр. 15) — ромски (Македонија)
Превод Нов свет на Христијанските грчки списи — арапски