Известувања
◼ Понуда на литература за ноември: Ќе продолжи дистрибуцијата на Вест за Царството бр. 36. Собранијата кои ќе го обработат своето подрачје достигнувајќи ги станарите во секој дом со примерок од Вест за Царството бр. 36, можат да ја понудат брошурата Бара или книгата Спознание. Ако луѓето веќе ги имаат, може да се користат книгите Живеј засекогаш или Создавање. Декември: Спознание кое води до вечен живот. Јануари: Која и да било книга од 192 страници објавена пред 1986 од која собранието можеби има резерва. Собранијата кои ја имаат книгата Потрагата на човештвото по Бог можат да ја нудат и неа. Февруари: Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?, Откровение — близу е неговата величествена кулминација! или која и да е постара книга од 192 страници која собранието ја има на резерва.
◼ Откако ќе заврши специјалната кампања со Вест за Царството, собранијата кои сѐ уште имаат резерва од Веста за Царството бр. 36 можат да ги охрабрат објавителите да ја нудат на истиот начин на кој ги нудат трактатите — од врата до врата или на друго место. Доколку е соодветно, објавителите можат да остават по еден примерок секаде каде што нема никој дома, осигурувајќи се дека нема да го видат минувачите. Треба да се направат напори за да се дистрибуираат сите преостанати примероци од оваа важна порака.
◼ Претседавачкиот надгледник или некој кој е одреден од него треба да ги прегледа собраниските сметки на 1 декември или колку што е можно побрзо после тоа. Кога ќе се направи ова, дајте известување пред собранието откако ќе се прочита следниот сметководен извештај.
◼ Собранијата треба да почнат да нарачуваат Годишник на Јеховините сведоци за 2001 со нивната ноемвриска нарачка на литература. Годишникот ќе стои на располагање на англиски, германски, руски, српски, француски и хрватски. Сѐ додека Годишникот не биде достапен и додека не се изврши испораката, на собраниските листи за пакување ќе стои „Во тек“. Годишникот спаѓа во специјална нарачка.
◼ Нови публикации на располагање:
Исус Христос — кој е тој? (трактат бр. 24) — македонски
Обрни внимание на Даниеловото пророштво! — македонски
Водството на Бог — нашиот пат до Рајот (за муслимани) — македонски