Известувања
◼ Понуда на литература за мај: Списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Нуди ја книгата Спознание или брошурата Бара со цел да започнеш домашни библиски студии. Јуни: Што бара Бог од нас? или Спознание кое води до вечен живот. Сконцентрирај се на започнување домашни библиски студии. Јули и август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Владата која ќе воспостави Рај, Дали треба да веруваш во тројство?, Кога ќе умре некој што го сакаш, Која е смислата на животот? Како да се пронајде?, Радувај се засекогаш на животот на земјата!, Се грижи ли Бог навистина за нас? и Што ни се случува кога ќе умреме? Онаму каде што е пригодно можат да се нудат брошурите Духовите на мртвите — дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат?, Книга за сите луѓе и Ќе постои ли некогаш свет без војни?
◼ Претседавачкиот надгледник или некој кој е назначен од него треба да ги прегледа собраниските сметки на 1 јуни или колку што е можно побрзо после тоа. Кога тоа ќе биде сторено, дајте известување пред собранието откако ќе се прочита сметководниот извештај.
◼ Почнувајќи со седмицата од 30 јули 2001, на Собраниската студија на книга ќе проучуваме новоиздадена публикација.