Известувања
◼ Понуда на литература за декември: Најголемиот човек кој некогаш живеел. Како алтернативна понуда, можеш да ја користиш Моја книга со библиски приказни, Библијата — реч Божја или човечка? или Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Јануари: Која и да било книга од 192 страници објавена пред 1987 од која собранието можеби има резерва. Собранијата што ја имаат книгата Потрагата на човештвото по Бог можат да ја нудат и неа. Февруари: Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање? Март: Спознание кое води до вечен живот. Ќе се вложуваат посебни напори да се започнат домашни библиски студии.
◼ Во вашето собрание наскоро ќе бидат испратени поканите за Меморијалот за 2002 на мајчиниот јазик на секое собрание. Ако на вашето подрачје се зборуваат и други јазици и би сакале покани на тие јазици, треба веднаш да ги побарате со формуларот за нарачка на литература (S-14). Поканите за Меморијалот се достапни на албански, македонски, руски, српски, турски и хрватски.
◼ Ве молиме забележете дека Меморијалот за 2003 ќе се одржи в среда, на 16 април, по зајдисонце. Ова известување е дадено однапред за да можат браќата да ги направат потребните резервации или договори за сали што стојат на располагање во случај Салата на Царството да ја користат неколку собранија и да мораат да се најдат други објекти. Старешините треба да имаат договор со управата за да се осигураат дека нема да има пречки од некои други активности во зградата, со цел одржувањето на Меморијалот да се одвива на еден мирен и уреден начин. Поради важноста на оваа прилика, при доделувањето говорник за Меморијалот старешинското тело треба да избере некој од поквалификуваните старешини наместо да се менуваат или, пак, да се користи истиот брат секоја година. Ако има некој способен старешина од помазаниците кој може да го изнесе говорот, тогаш тој треба да биде избран.
◼ Со својата декемвриска нарачка на литература, собранијата треба да почнат да нарачуваат повези од Стражарска кула и Разбудете се! за 2001. Повезите ќе бидат достапни на англиски, германски, руски и хрватски.
◼ Нови публикации на располагање:
Спознание кое води до вечен живот — со големи букви (англиски)
◼ Нови видеокасети на располагање:
Младите прашуваат — како можам да стекнам вистински пријатели? (италијански, германски)