Известувања
◼ Понуда на литература за јануари: Која и да било книга од 192 страници објавена пред 1987 од која собранието можеби има резерва. Собранијата што ја имаат книгата Потрагата на човештвото по Бог можат да ја нудат и неа. Февруари: Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање? Март: Спознание кое води до вечен живот. Ќе се вложуваат посебни напори да се започнат домашни библиски студии. Април: Списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Нуди ја брошурата Бара со цел да започнеш библиски студии.
◼ Сите крстени објавители што ќе бидат присутни на Состанокот за служба во седмицата од 14 јануари можат да ја добијат картичката Однапред дадена медицинска директива/ослободување и Легитимација за нивните деца.
◼ Почнувајќи од февруари, а не подоцна од 3 март, новото јавно предавање на покраинските надгледници ќе гласи „Да се најде сигурност во еден опасен свет“.
◼ Собранијата треба да направат соодветни подготовки за да го прослават Меморијалот годинава, во четврток, на 28 март, по зајдисонце. Иако предавањето може да започне порано, подавањето на симболите не треба да започне пред зајдисонце. Проверете локално за да одредите кога настапува зајдисонцето на вашето подрачје. Онаму каде што обично неколку собранија ја користат истата Сала на Царството, предлагаме да има барем 40 минути меѓу програмите за да има време да се поздрават посетителите, да се охрабрат новозаинтересираните и целосно да се извлече корист од таа прилика. Треба да се размисли за сообраќајот и проблемите со паркирањето, вклучувајќи и оставање и земање патници. Старешинското тело треба да одлучи кои подготовки ќе бидат најдобри локално.
◼ Нови публикации на располагање:
Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I (македонски)