ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/02 стр. 7
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2002
Нашата служба за Царството 2002
km 2/02 стр. 7

Известувања

◼ Понуда на литература за февруари: Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање? Март: Спознание кое води до вечен живот. Ќе се вложуваат посебни напори да се започнат домашни библиски студии. Април и мај: Списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Нуди ја брошурата Бара со цел да започнеш библиски студии.

◼ Кога работат на необработувано подрачје, објавителите можат да ја нудат брошурата Бара или книгата Спознание. Ако станарот веќе ги има овие две публикации, може да се понуди која и да е друга публикација. Сите треба да си носат различни трактати за местата каде што нема никој дома или за лицата што не сакаат да земат литература. Треба да се вложат напори да се следи интересот, особено онаму каде што необработуваните подрачја се пристапни за блиските собранија.

◼ Претседавачкиот надгледник или некој што е назначен од него треба да ги прегледа собраниските сметки на 1 март или колку што е можно побрзо после тоа. Кога тоа ќе биде сторено, дајте известување пред собранието откако ќе биде прочитан следниот сметководен извештај.

◼ Секретарот и надгледникот за служба треба да ја разгледаат активноста на сите општи пионери. Ако на некои од нив им е тешко да го исполнат барањето во часови, старешините треба да направат подготовки да им се помогне. За предлози, разгледај ги годишните писма од Заедницата (S-201). Исто така, види ги пасусите 12—20 од додатокот на Наша служба за Царството од септември 1986.

◼ Чувајте се од измамничките сплетки што кружат на Интернет и поштата со која се изнудуваат пари под изговор дека им се помага на жртвите на катастрофи. Секогаш кога околностите налагаат да се формира одбор за помош за да се обезбеди материјална помош за Јеховините сведоци, ќе бидат известени одговорни браќа. Донациите за таквите потреби треба да се испратат до Јеховини сведоци, п.ф. 800, 1000 Скопје.

◼ Специјалното јавно предавање за сезоната на Меморијалот за 2002 ќе се одржи в недела, 14 април. Темата на говорот ќе биде „Држи го цврсто во мислите ‚денот што влева страв‘!“ Нацртот ќе биде обезбеден. Во собранијата што тој викенд имаат посета од покраинскиот надгледник или покраински собир, специјалното предавање ќе се одржи следната седмица. Специјалното предавање не треба да се одржи во ниедно собрание пред 14 април 2002.

◼ Нови публикации на располагање:

Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво II (албански, хрватски, српски)

Потрагата на човештвото по Бог (македонски)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели