Известувања
◼ Понуда на литература за април и мај: Списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Каде што е покажан интерес, вклучи го лицето во обиколка со списанија. Нуди ја брошурата Бара со цел да започнеш библиски студии. Јуни: Што бара Бог од нас? или Спознание кое води до вечен живот. Ако станарите ги имаат овие публикации, понуди соодветна брошура што собранието ја има на располагање. Јули: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Божественото име кое ќе остане засекогаш, Владата која ќе воспостави Рај, „Гледај! Сѐ ново создавам“, Дали треба да се верува во тројство?, Кога ќе умре некој што го сакаш, Која е смислата на животот? Како да се пронајде?, Радувај се засекогаш на животот на земјата!, Се грижи ли Бог навистина за нас? и Што ни се случува кога ќе умреме? Онаму каде што е пригодно можат да се нудат брошурите Духовите на мртвите — дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат?, Книга за сите луѓе и Ќе постои ли некогаш свет без војни?
◼ Почнувајќи од април, конгресните значки за 2002 автоматски ќе бидат вклучени во пратките на литература. Нема да биде потребно да се нарачуваат. Ако во собранието се потребни уште конгресни значки, треба да се нарачаат со Формуларот за нарачка на литература (S-14). Потребно е да се нарачаат пластични фолии за значките за секој што сака од собранието.
◼ Собраниските секретари треба да имаат соодветна резерва од формуларите Молба за општа пионерска служба (S-205) и Молба за помошна пионерска служба (S-205b). Тие можат да се нарачаат со формуларот Нарачка на литература (S-14). Имајте резерва барем за една година. Прегледајте ги сите формулари за општа пионерска служба за да се уверите дали се целосни. Ако оние што ја поднесуваат молбата не можат да се сетат на точниот датум на нивното крштавање, треба да го пресметаат датумот и да си го запишат.
◼ Секогаш кога во личните планови за патување планирате да присуствувате на собраниски состаноци, покраински собир или обласен конгрес во друга земја, треба да побарате информации во врска со датуми, термини и места од канцеларијата на подружницата што го надгледува делото во таа земја. Адресите на канцелариите на подружниците се наведени на последната страница на тековниот Годишник.
◼ Нови публикации на располагање:
Watch Tower Publications Index 2001 (англиски)
Предупредувачки примери за нашево време — видеокасета (англиски)