ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/02 стр. 7
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2002
Нашата служба за Царството 2002
km 12/02 стр. 7

Известувања

◼ Понуда на литература за декември: Најголемиот човек кој некогаш живеел. Како алтернативна понуда, можеш да ја користиш книгата Библијата — Реч Божја или човечка?, Моја книга со библиски приказни, или Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Јануари: Која и да било книга од 192 страници објавена пред 1988 од која собранието можеби има резерва. Собранијата што немаат постари книги од 192 страници можат да ја нудат Потрагата на човештвото по Бог. Февруари: Ќе се нуди новата книга Приближи му се на Јехова. Март: Спознание кое води до вечен живот. Ќе се вложи посебен напор да се започнат домашни библиски студии.

◼ Ве молиме, забележете дека Меморијалот за 2004 ќе се одржи в недела, 4 април, по зајдисонце. Ова известување е дадено однапред за да можат браќата да ги направат потребните резервации или договори за достапните сали кога Салата на Царството ја користат неколку собранија и мораат да се најдат други објекти. Старешините треба да склучат договор со управата и да се осигураат дека нема да има пречки од некои други активности во зградата, со цел одржувањето на Меморијалот да може да се одвива на еден мирен и уреден начин. Поради важноста на оваа прилика, при доделувањето говорник за Меморијалот старешинското тело треба да избере некој од поквалификуваните старешини, наместо само да се менуваат или, пак, да се користи истиот брат секоја година. Ако има некој способен старешина од помазаниците кој може да го изнесе говорот треба да биде избран тој.

◼ Сите крстени објавители што ќе бидат присутни на состанокот за Служба во седмицата од 6 јануари можат да добијат картичка Однапред дадена медицинска директива/ослободување и легитимации за нивните деца.

◼ Направено е преиначување во начинот на кој ќе се води Теократската школа за служба за време на посетата на покраинскиот надгледник. Почнувајќи од јануари 2003, по воведната песна и молитва, школата ќе се води околу 25 минути. Ќе има петминутен говор за некоја говорна особина, десетминутен поучен говор и десетминутни врвни точки од Библијата. Задачите бр. 2, 3 и 4 нема да се презентираат. По школата ќе следи триесетминутен Состанок за служба. По песната, ќе има триесетминутна програма од покраинскиот надгледник, по што ќе следи заклучна песна и молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели