ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/03 стр. 9
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2003
Нашата служба за Царството 2003
km 3/03 стр. 9

Известувања

◼ Понуда на литература за март: Ќе се нуди книгата Спознание, со напор да се започнат домашни библиски студии. Април и мај: Ќе се нудат поединечни примероци на Стражарска кула и Разбудете се! Објавителите треба да им укажат на станарите дека можат да приложат за светското дело ако сакаат. Кога ќе правиш повторни посети кај заинтересираните лица, концентрирај се на тоа да ја понудиш Обожавај го единствениот вистински Бог. Треба да се вложи секаков напор да се започне домашна библиска студија, особено ако поединецот веќе ги проучувал книгата Спознание и брошурата Бара. Јуни: Нуди ја книгата Спознание или брошурата Бара. Кога станарите веќе ги имаат овие публикации, користи некоја друга соодветна брошура од која собранието има резерва.

◼ Објавителите што сакаат да служат како помошни пионери во април треба сега да си направат планови и рано да ја предадат својата молба. Тоа ќе им помогне на старешините да ги направат потребните подготовки за служба на теренот и да имаат на располагање доволно списанија и друга литература. Секој месец во собранието треба да бидат објавени имињата на сите на кои им е одобрено да бидат помошни пионери.

◼ Заедницата не исполнува нарачки за литература на поединечни објавители. Претседавачкиот надгледник треба да направи подготовка секој месец, пред да се испрати нарачка за литература до Заедницата, да се даде известување така што сите кои се заинтересирани да набават литература за лична употреба ќе можат да го известат братот што работи на литература. Ве молиме, имајте на ум кои публикации спаѓаат во специјална нарачка.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели