Известувања
◼ Понуда на литература за јули и август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Се грижи ли Бог навистина за нас?, Радувај се на животот засекогаш на Земјата!, „Гледај! Сѐ ново создавам“, Дали треба да се верува во тројство?, Божественото име кое ќе остане засекогаш, Владата која ќе воспостави рај, Што ни се случува кога ќе умреме?, Која е смислата на животот? — Како да се пронајде? и Кога ќе умре некој што го сакаш. Во одредени делови од светот можеби ќе бидат пригодни следниве брошури: Книга за сите луѓе, Задоволувачки живот — како да се постигне, Духовите на мртвите — можат ли да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат? и Ќе постои ли некогаш свет без војни? Септември: Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање? Октомври: Стражарска кула и Разбудете се!. Таму каде што е покажан интерес понуди ја брошурата Бара, вложувајќи посебен напор да започнеш библиски студии.
◼ Почнувајќи од септември, покраинските надгледници ќе го одржуваат јавното предавање со наслов „Зошто да се плашиме од вистинскиот Бог?“
◼ Ги потсетуваме сите собранија дека нарачките за Годишник, календар и Испитување на Писмото за 2004, како и за повези за 2003 треба да се направат до крајот на овој месец. Само брошурата Испитување на Писмото може да се добие на македонски јазик.
◼ Охрабрени сме од овогодишниот број на присутни на Меморијалот во Македонија. На Господовата вечера присуствуваа вкупно 3.022 лица. Ова е нашиот најголем број досега и претставува добар потенцијал за правење повторни посети и за започнување домашни библиски студии со заинтересираните лица